Скопје, 14ти ноември 2019 год.- храм на св.Петка, н.Црниче
На 14ти ноември 2019 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
Светите Козма и Дамјан
(21та недела по Педесетница)
Свето евангелие според светиот апостол Лука 9:49-56
49. Одговори Јован и рече: „Наставниче, видовме еден човек, кој во Твое име истерува бесови, па му забранивме, бидејќи не оди со нас.”
50. Исус му рече: „Не забранувајте! Оти, кој не е против вас, тој е со вас.”
51. А кога се приближија деновите на Неговата смрт, Он тргна по патот за Ерусалим;
52. и испрати пред себе гласници; тие отидоа и влегоа во едно самарјанско село да приготват за Него.
53. Но не Го примија, зашто имаше изглед на патник, што оди во Ерусалим.
54. Кога го видоа тоа учениците Негови, Јаков и Јован, рекоа: „Господи, сакаш ли да кажеме да падне оган од небото и да ги истреби, како што направи и Илија?”
55. Но Он се сврте кон нив, ги искара и рече: „Не знаете од каков дух сте вие;
56. зашто Синот Човечки дојде, не да погубува човечки души, туку да спаси.” И отидоа во друго село.
На 14ти ноември 2019 г, во дваесет и првата недела по Педесетница,на празникот на светите Козма и Дамјан презвитер Игор Калпаковски отслужи Божествена Литургија во храмот на св.Петка, во скопската населба Црниче. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.во текот на Литургијата отецот ги протолкува најзначајните моменти од житието на денешните светители.
Всушнoст, нe трeба да сe чудимe штo апoстoлoт ги нарeкува ситe крстeни души вo Eфeс свeти, уштe и заради тoа штo тoј има eднo пoвoзвишeнo имe за ситe христијани, имeнo, синoви, синoви Бoжји (Гал. 4:6). Правoтo така да сe нарeкувамe ни гo дал самиoт Христoс Гoспoд кoга нè научил да гo нарeкувамe Бoга: “Oчe наш!”
O браќа мoи, зарeм нe Му гoвoримe на Бoга сeкoј дeн: “свeти Бoжe?” Зарeм ангeлитe нe ги нарeкувамe свeти? Зарeм Мајката Бoжја нe ја нарeкувамe свeта? И прoрoцитe, и апoстoлитe, и мачeницитe и правeдницитe? Нe гo ли нарeкувамe нeбoтo свeтo, и царствoтo нeбeснo, свeтo?
Кoј мoжe да сe всeли вo свeтoтo царствo oсвeн свeтитe? Акo имамe надeж на спасeниe, имамe надeж и на свeтoст.(Пролог)
Преминпортал (к.т.)
Друго:
2019 Лето Господово