Скопје, 24ти ноември 2019. година - храм на св.вмч. Димитриј
(ДВАЕСЕТ И ТРЕТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА)
„Зашто Исус му беше заповедал на нечистиот дух да излезе од човекот; оти долго време го мачеше, и беше во окови, и со вериги го врзуваа, чувајќи го; но тој ги раскинуваше оковите и бесот го тераше да оди во пусти места"
(Лука 8: 29)
Светиот великомаченик Мина
Свети Максим Исповедник
Спасителот вели: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога (Мат. 5, 8), зашто Бог е скриен во срцата на оние што веруваат во Него. Тие ќе Го видат Бога и ризниците скриени во Него, кога ќе се очистат преку љубов и воздржание и ќе Го видат толку појасно колку повеќе се исчистени.
Во дваесет и третата недела по Педесетница,, кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на Светиот великомаченик Мина, во храмот на св.вмч.Димитрија каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух, старешината на храмот ереј Јане Илиев во сослужение на ѓаконот проф. Димират Белчовски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата, отецот произнесе празнична беседа.
Се причестиа сите и светлината на нивните лица силно говори за тоа колку многу го љубат Христос.
Средбата со професорката Викторија Волак од скопското училиште за глуви, со своите пријатели Ана, Марија и Лазар Пупоски и Марјан Стевоски,сите од Охрид, дојдени на Литургија во Скопје, беше вистинско откровение за нас.Целата Литургија знаковно Викторија неуморно им ја пренесуваше што и не е ниту малку лесна работа- примерно„милостивиот Самарјанин“..да им го објасни...и редица други евангелски поими.Повеќе на оваа тема,ќе ве запознаеме во континуитет на неколку прилози.
Преминпортал (к.т.)
ПП