Скопје, 04.12.2019 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
(24та недела по Педесетница)
Свето евангелие според светиот апостол Лука 10:38-42;11:27-28
На 4ти декември 2019 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
Воведение на Пресвета Богородица
Глас четврти:
Денес е почеток на Божјата милост и на проповедта за спасение на луѓето. Во храмот Божји јасно Дева се јавува и Христа на сите Го предвестува. Нејзе и ние велегласно и извикуваме: Радувај се исполнување на промислата на Создателот!
Денес, недела на 4-ти декември 2019 лето Господово, кога нашата Македонска православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на Воведение на Пресвета Богородица, во храмот посветен на Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, Архиепископот Охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на свештенството од храмот, отслужи Архиерејска Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На светата Литургија се случи една голема и духовна радост. Имено Архиепископот г.г. Стефан, го ракоположи во свештенички чин ѓаконот Методиј Митанов.
Во духовна радост, долгоденствувај во службата Божја оче Методиј!
На крајот од Светата Литургија, Архиепископот г.г. Стефан, се обрати кон присутниот верен народ со беседа за значењето и големината на денешниот празник Воведение на Пресвета Богородица, поучувајќи не и за нашиот духовен однос кон Неа и како и за духовниот пат кој треба да го следиме.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Архиерејска Литургија и ракополагање во свештенички чин во Скопје (15.01.2010)