Скопје, 20.10.2019 год.- храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец
(24 недела по Педесетница)
Свето евангелие според светиот апостол Лука 8:41-56
На 1ви декември 2019 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
Светиот маченик Платон
Во дваесет и третата недела по Педесетница, а во спомен на светиот маченик Платон, во храмот на св. Јован Крстител во скопската населба Капиштец, отец Среќко Анѓелкоски во сотслужение на ѓаконот Игор Трпкоски отслужи Божествен Литургија.Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на службата отецот произнесе празнична беседа.
Свети Ефрем Сирин
‘Царството Божјо е внатре во вас’ (Лука 17, 21). Влези во самиот себеси, усрдно барај, па без напор ќе го најдеш... Влези во себеси и живеј во самиот себеси, во прекрасната ќелија на духот (умот) свој – и таму барај го Царството, како што нe учеше нашиот Спасител... Влези, значи, во себе, пребивај во своето срце, зашто таму е Бог. Тој не те напушта тебе, туку ти Го напушташ Него... Прекрасно е ова и чудесно, недостижно за небесните и неискажливо за земните. Недостапниот, за секој ум, влегува во срцето и пребива во него; Сокриениот од оние што со оган зрачат се населува во срцето. Земјата не може да издржи под Неговите стапала, а чистото срце Го носи во себе. Небото е мало за Неговите дланки, а срцето е Негово живеалиште. Целата твар не може да Го смести во своите граници, но ако тоа го побара срцето Тој ќе се смести и во малото срце.
Преминпортал (к.т.)
Друго: