На празникот на светата великомаченичка Екатерина, светиот великомаченик Меркуриј и светата девица Мастридија, јереј др.Сашо Наков отслужи Божествена Литургија во храмот на св.Петка во скопската населба Црниче. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Софрониј
Бог може да го допре духот на човекот и на непосреден начин да му го даде самопознанието. Постои голема разлика помеѓу ова познание и она што се стекнува во теолошките школи. Може да е многу опасно да се студира теологија, без егзистенционален опит на животот, во Духот Христов. Во опасност сме, навистина да ја изучуваме теологијата во нејзините апофатички форми, како философија или поезија. Во опасност сме да присвоиме некој погрешен став, да се сметаме себе си како нешто големо, што е доволно за да се загубиме. Должни сме да бараме во животот еден друг вид на вдахновение, во Христа. Теолошката наука што се учи во школите и која стана научна дисциплина достапна за сите, не ни овозможува познание на Бога. Познанието на Бога извира од животот во Бога, кој се раѓа во внатрешноста на срцето.