Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, традиционално по завршувањето на Божикната Литургија и оваа година организираше Божикна забава за лицата со церебрална парализа од Велес. Тој го благослови овој собир и на сите дечиња кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат им подели пакетчиња. Оваа средба е традиционално Божикно дружење со овие дечиња и нивните родители, а е во рамките на долгогодишата соработка на Повардарската епархија и здружението на лица со церебрална парализа од Велес. Оваа година на забавата со своето присуство не почести и министерката за труд и социјала, Рашела Мизрахи.
http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/