логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,
МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И
ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ –
ХРИСТОС ВОСКРЕСE!



 

Да Му благодариме на Бога,
Кој ни дарува победа
преку нашиот Господ Исус Христос. 1

 



Возљубени празникољупци,

Велигден, денот на Христовото Воскресение, е празник на победата и празник на животот. Овој е денот во кој Господ ја објави Својата победа пред очите на народите…, и сите краишта земни го видоа спасението.2 Овој ден е денот на животот, и тоа вечниот живот, денот кој ни донесе радување, коешто никој не може да ни го одземе.3
На Велигден, на овој најголем христијански празник, ја исповедаме тајната на Победителот – Самиот Господ Христос, Кој, преку Своето славно воскресение од мртвите, ја победи смртта и смртното го облече во бесмртно.4 Денес е денот кога ни се откри тајната на љубовта Божја кон човечкиот род, која остана вечна врска помеѓу човекот и Бога, потврдена преку Крстот и Воскресението Христови, како и преку подвизите на сите богоугодници и достојни последователи во изминативе дваесет столетија.
Радувајќи се на денешниот празник над празниците во Црквата Христова, повикани сме секогаш и пред секого да Го исповедаме Христа распнатиот, воскреснатиот и прославениот. Како вистински христољупци, повикани сме да ја благовестиме победата над смртта, над гревот и омразата, над неправедноста и насилството, над страдањата и темнината, и да придонесуваме да завладеат праведноста, мирот и радоста во Светиот Дух.5
Со Христовото воскресение се прекина силата на смртта и тоа стана темел на нашата вера и врата за вечната заедница со Бога. Тоа е гаранција и за нашето воскресение, зашто Христос воскресна од мртвите и со тоа стана првина за умрените.6 ВоНего сите ќе бидат оживеани,7 оти љубовта Божја е посилна од гревот и смртта.


Возљубени чеда во Христа Воскреснатиот,

Празникот на Христовото Воскресение нè потсетува да размислуваме за своите постапки и да се стремиме кон добродетелен живот. Па, кога би се навратиле повеќе на потребата од покајание и праведно живеење, ако не на денот на Христовото Воскресение, ако не на денот кој им дава смисла на човечкиот живот и на постоењето?
Па затоа, празнувајќи и споделувајќи ја радоста на Христовото воскресение, да исповедаме дека верата во воскресението е извор на слободата и на љубовта, зашто преку Христа станавме и вистински слободни8 и духовно силни. Христовата љубов е неопходна во овој свет, особено денес, кога човештвото во голема мера е заробено од самољубие и рамнодушност, од лакомост за богатење и моќ, од овоземни задоволства и од суетна слава. Љубовта е најголемата сила! Но таа е силна само тогаш кога е во заедништво со Христа и со Неговата неизмерна љубов, кога станува наше сведоштво и наш начин на живеење.
Впрочем, само во богочовечката Личност на воскреснатиот Спасител можеме да најдеме тивко пристаниште од сите искушенија и исцеление од последиците на гревот. Неговата победа над гревот и смртта ни дава и нам сила да се бориме со искушенијата на денот и со духовите на злобата,9 кои предизвикуваат безнадежност и осаменост во душите на луѓето, честопати проследени со нетрпеливост и насилство, со неморални дела и судири. Затоа е потребно да бидеме достојни почитувачи на Светото Евангелие и исполнители на Христовите заповеди, како што порачува и Самиот Спасител, кога вели: кој го слуша словото Мое и верува во Оној, Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, туку преминал од смрт во живот.10


Возљубени чеда во Господа,

Христовата победата над гревот и над смртта, по претрпеното распетие и славното воскресение, е најголемата победа на сите времиња. Таа е единствена и вечна, и постигната е еднаш и засекогаш! Затоа, само соединети во Христа, преку молитвата и преку светите Тајни, и со исполнувањето на Неговите заповеди, можеме да го победуваме гревот и да се здобиеме со спасение и вечен живот.
Светата Евхаристија е најпотребната заедница на верните во Црквата со Господа Христа. Кога сме соединети во заедничка молитва, Христос е присутен помеѓу нас,11 а при причестувањето со светите Тајни, Го вселуваме Христа во нас, како што и Самиот ни порачува: Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден,12 и кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него.13 Христос е, и ќе биде, тајно присутен во Својата Црква сè до крајот на вековите14 и неа вратите на пеколот нема да ја надвладеат.15


Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Поминуваме низ еден период кој од нас бара послушност и воздржување. Појавата на корона - вирусот во светот, а воедно и во нашава земја, нè натера да внимаваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни. Затоа, да се придржуваме по советите и мерките изречени од надлежните институции, и сите заедно да придонесеме да се намали и спречи ширењето на заразата. На нашите верници им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби во храмовите, и им препорачуваме да се молат во своите домови и срца, за Бог да нè избави од оваа опасна болест. Да се молиме и за медицинските лица, полицијата и војската кои напорно се грижат за заболените и за редот во државата. Да се молиме за заболените да оздрават, како и за спасение на душите на оние кои не ја добија битката со болеста. Да се молиме Бог да ни ги прости нашите гревови и да нè помилува, зашто само Бог ни е прибежиште и сила, и докажан помошник во неволја.16
Затоа, во маката да бидеме трпеливи, а во молитвата постојани,17 зашто Воскреснатиот Господ е нашата надеж.18 Нека овој период ни биде време за покајание и за засилена молитва. Искушенијата што нè снајдоа нека ни бидат за утврдување во верата и за духовно напредување. Сè е возможно за оние што веруваат,19 зашто Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија.20 Воскреснатиот Спасител е Лекарот на душите и телата, и Тој лекува и обновува, ја осветува и ја вознесува човечката природа. Затоа, и не само во овие празнични денови, туку постојано и насекаде да ја живееме светоста на нашата христијанска вера, на верата што го победи светот.21 Да ја споделиме со сите радоста на Воскресението на вечниот Лечител, и никогаш да не заборавиме на тоа дека колку сме поблиски до Бога, толку и Бог ќе биде близу до нас!


Возљубени,
Како што веќе обзнанивме, годинава се навршуваат 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир. Тоа е годишнина со која би се гордееле секој народ и секоја Црква. Со Божја помош и со застапништвото на светиот Јован Крстител, Македонската Православна Црква, заедно со државните институции, достоинствено ќе го одбележи милениумското постоење и ќе ја истакне улогата и местото на ова големо светилиште во духовниот живот на македонскиот народ, и во минатото, и во сегашноста и, секако, во иднината.
На сите чеда на Мајката Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, во Татковината и насекаде по светот, ви го честитаме празникот на Христовото Воскресение, со најрадосниот поздрав: Христос воскресе!



 

†СТЕФАН
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

со членовите на Светиот архијерејски синод на
Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско–пелагониски и
администратор Австралиско–новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско–кичевски
и администратор Австралиско–сиднејски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско–канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско–гостиварски
† ЈОСИФ, Митрополит Кумановско–осоговски
† ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски
† ЈАКОВ, Епископ Стобиски

Велигден, 2020.

 



1      1 Кор 15, 57;

2     Пс 97, 2-3;

3     Сп. Јн 16, 22;

4     Сп. 1 Кор 15, 54;

5     Сп. Рим 14, 17;

6     1 Кор 15, 20;

7     Сп. 1 Кор 15, 22;

8     Сп. Јн 8, 32 и 36;

9     Сп. Ефес 6, 12;

10    Јн 5, 24;

11    Сп. Мт 18, 20;

12    Јн 6, 54;

13    Јн 6, 56;

14    Сп. Мт 28, 20;

15    Мт 16, 18;

16    Пс 45, 1;

17    Рим 12, 12;

18    Сп. 1 Јн 3, 3; Пс. 38, 7 и 61, 5-8;

19    Сп. Мк 9, 23;

20   2 Петр. 2, 9;

21    Сп. 1 Јн 5, 4.

Извор: http://www.mpc.org.mk/veligdenskoposlanie.asp

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная