Скопје, 15.04.2020г..- Соборен храм на св. Климент Охридски
Вистината е она што го вкусуваме во литургиското искуство и заедничарење. Ја вкусуваме со душата и телото. Вистината е Господ Кој се прекршува а не се разделува, Кого секогаш Го јадат а никогаш не исчезнува по осветувањето на оние што се причестуваат. Кој е „Лебот Небесен, што го храни сиот свет“. Кој е единствената надеж што го спасува севкупниот човек. Кој е единствената радост што ја озарува сета длабочина и ширина на човековото битие кон непрестајно обновување и обожение.- Отец Василиј Гондикакис
На 25ти април. 2020 кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на Преподобен Исаак Сирин II, во Соборниот храм на св.Климент Охридски во Скопје, свештеникот Зоран Копчаревски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал (к.т.)
Друго: