Скопје,02.06.2020 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски
На 02.06.2020 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви се прослави споменот на :
- Светиот маченик Талалеј
- Светиот маченик Аскалон
На празникот на светиот маченик Талалеј, светиот маченик Аскалон, во Соборниот храм во Скопје, презвитер Горан Стојчевски во сослужение на ѓаконот Јован Пачемски отслужи Божествена Литургија на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Значи, како еден радио-везист, така и ние монасите, ќе треба да се наоѓаме во чест допир со Бог и ако е можно во постојано слушање, за поголема сигурност, за да имаме секој момент неисцрпни Божествени сили. Природно, непријателот не мирува и секогаш напаѓа на разни начини. Сепак, можеме и него да го употребиме, на тој начин што ќе го направиме работник без плата, за да ни помогне во непрестајната молитва. На пример, кога ќе ни донесе лоши или хулни помисли, ја почнуваме молитвата и му велиме на тракатанецот: “Добро што ме боцна, бидејќи Го заборавив мојот Христос”. Значи, кога ќе го направиме ова, и да сакаме да го задржиме тракатанецот, нема да остане бидејќи не е глупав да работи напразно, а воедно да ? прави добро на нашата душа.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
- https://youtu.be/C5aHg5KzOqU
- Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (27.07.2015)
- Повеќе од о. Горан Стојчевски
Друго:
презвитер Горан Стојчевски - ЦРКВАТА ПРИПАЃА НА СИТЕ ...
презвитер Горан Стојчевски -„Послушанието во себе содржи се “ ...