МАНУ - 13. 06. 2007 Г.
Пристапно предавање
на
проф. д-р Горазд Росоклија
по повод неговиот избор за член на МАНУ надвор од работниот состав
"Создадовме нова техника која привремено во САД ја нарекуваме "нео голџи". Со неа можеме да го видиме секој детаљ на невронот, најситните структури, односот на невронот со другите нервни клетки, слоевите на мозокот до кои одреден неврон допира и остварува контактиии, објаснува д-р Росоклија, кој додава дека овие резултати се дело на нивната научна група во соработката со проф. д-р Алексеј Дума и научниот лекарски тим од Институтот за судска медицина во Скопје.“ Новата метода, објасни д-р Росоклија, практично, отвори ново поглавје за натамошно истражување на сите болести што го засегаат мозокот, било психијатриски било невролошки, со тоа што првпат може да се види што се случува со невронот.“
МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ го избра проф. д-р Горазд Росоклија за член на МАНУ надвор од работниот состав.
По тој повод, проф. д-р Горазд Росоклија одржа ПРИСТАПНО ПРЕДАВАЊЕ на тема „НЕВРОПАТОЛОГИЈАТА НА ШИЗОФРЕНИЈАТА“.