Плаошки манастир „Свети Климент и Пантелејмон"
Охрид,08.08.2020 год.
„Мудри Клименте, кој Црквата ја просветли како сонце, во целата вселена испушташ зраци од чудеса, сесвештени отче, славо архиерејска.“
(светилен на Утрена на св. Климент Охридски Чудотворец)
Торжествата по повод големиот празник на патронот на нашата света Црква, светиот Климент Охридскиот Чудотворец, како и празникот на светите Седмочисленици и на св. вмч. Пантелејмон, продолжија на 09.08.2020 година, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник, со Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконите Сашо Ристов и Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Анатолиј. Митрополитот Пимен се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
Извор: МПЦ- ОА
Фото Daniel Mladenovski Golubarac