логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Скопје, ноември 2020 г.- храм на св.Јован Крстител. н.Капиштец

 3.angeli.so.truba

Недела 24 по Педесетница
(Мк.5,24-43) С.К

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

Во името на Отецот и Синот и светиот Дух, Драги браќа и сестри,
Господ Исус Христос правел неверојатни чуда. Иако, тогаш немало социјални мрежи, гласот за чудесните настани со неверојатна брзина се ширел меѓу луѓето. Затоа, во секоја прилика и секое време, многу болни оделе по Него, надевајќи се дека ќе дојдат на ред, да бидат излечени од нивните немоќи.
Го слушнавме денешното свето Евангелие, во кое се говори како Господ и Спасителот наш Исус Христос направил две поврзани чудеса.
Првото е излекувањето на возрасна жена, која 12 години боледувала од крвотечение, а второто пак, се случило по повик упатен до Спасителот од Јаир, кој молел да отиде во неговиот дом и да положи рака врз неговата ќерка единица, која лежела на смртна постела.
Благочестиви, Јаир, бил старешина на синагогата, бил многу важна личност, и тој паѓа на колена пред Исуса, со молба да му ја исцели ќерката единица на која и беа 12 години. Додека Христос одел да ја види Јаировата ќерка, една крвоточива жена, се доближила до Христа и со страв се допрела до Неговата облека. Таа жена имала силна вера и, без сомнеж, се надевала дека ќе прими излекување, дури ако се допре само до Неговата облека.Така и се случило штом се допрела, веднаш се излекувала од тешката нејзина болест. Оваа страдалница потрошила се што имала по лекари, но не нашла никаква помош. Сега, со допирот до Христовата облека, го добила толку посакуваното исцеление. И овој случај потврдува дека секој што со вера бара, добива.
Веднаш по исцелувањето на болната жена пристигнале Јаировите гласници, со веста дека во меѓувреме девојката умрела, но Исус го охрабрува Јаира со зборовите: „Не плаши се, само верувај"!
Всушност Христос му рекол „продолжи да веруваш"! Јаир знаел каде е и од кого бара помош, во својот очај и беспомошност. Тој и покрај тоа што неговата ќерка била на умирање, стрпливо чекал додека Исус ја оздравува болната жена, потоа и понатаму во потполност се потпира на Исус дури и кога гласниците доаѓаат со веста: "готово е, ќерка ти умре".
Што всушност гласниците му соопштиле благочестиви? Јас, нив би ги нарекол гласници на нашата приземност, вреднување на нашата немоќ кога треба да решиме одредени проблеми, покажувајќи ја неподготвеноста да ја промениме, на добро, нашата реалност.
Од друга страна зачудува стрпливата вера на Јаир и неговата надеж, која никако не згаснува. Исус доаѓа до неговиот дом, од кој се слуша плач и лелеци, раздвиженост и своевиден метеж. Христос им се обраќа на присутните со зборовите, "не е мртва туку спие"! Некои се посомневале и започнале да се потсмеваат на тоа што го кажал Спасителот. Благочестиви што да речам?
Ожалостените роднини, оплакувачите и пријателите, гледаме дека беа неискрени, дури изнајдоа сила за потсмев во така тешките моменти и затоа за нив немаше повеќе место во куќата откако дојде Исус. Тој ги испраќа надвор од куќата, ги остава само родителите на девојката, со Петар, Јован и Јаков и ја повикува девојката со истиот оној повик со кој нејзината мајка ја повикувала наутро да се разбуди и да стане од топлата постела. Светиот евангелист Лука запишал дека девојката веќе била мртва, и дека „духот веќе ја беше напуштил.
Затоа, браќа и сестри, иако Христовиот повик бил сличен на оној мајчинскиот, за будење, сепак не бил ист, овде се работи за оживување на телото од девојката од коешто бил излезен духот, односно Христос ја воскреснува.Токму така ја воскреснува!
Таа станала, започнала да оди, а Исус побарал да и се даде да јаде, за да се уверат оние кои што гледале, но не сакале да поверуваат во тоа што го гледаат, покажувајќи им дека со нејзе се е во најдобар ред, и дека таа е жива и здрава.
Благочестиви,
Овие две чуда говорат за тоа, дека Господ наш Исус Христос дошол во овој свет за да го подигне паднатиот во грев човек, и пред се да го ослободи од смртта, која настапила како последица на тоа. А човекот само треба цврсто да верува и да ги следи Христовите заповеди во овоземното живеење.

Верата не е надворешна форма, „и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и Себе се предаде за мене" вели светиот апостол Павле (Гал. 2,20)
Значи, верата не е парче накит, таа не е повторување на религиозните системи за однесување, таа е живот: ,,подлога на увереноста во она на кое се надеваме - убеденост во она што не се гледа" (Евр.11,1). Неа ја вложува Создателот во срцето на секоја личност и како Божји дар ја носиме во себе, како небесна алатка која ни овозможува да го живееме секојдневниот живот исполнет со благодатта дадена од Господ Исус Христос, во заедница со Христос.

3.angeli.so.truba


Верата води кон смирение пред Бога како креативен почеток на животот. Дарот на верата не е непотребен товар, тој не е мртов капитал, не е празно суеверие, но служи како мотор на срцето, мислата и волјата на човекот. Од досега кажаново произлегува прашањето дали Го препознаваме Христос како    Господар на нашата секојдневна активност, бракот, семејството, финансиската ситуација, нашата иднина и иднината на денешниов свет? И уште! Колку вистински дозволуваме суптилноста на овој свет, да ни ја потисне и да ја неутрализира верата што ја носиме во себе? Благочестиви,
О колку е тоа важно денес! Не знам со што да се соочуваме несмееме да потклекнеме, треба да продолжиме цврсто да веруваме како многуте кои стрпливо веруваа и не ја губеа надежта без оглед на сите околности.
За миг да погледнеме во црковниот календар или пак во житијата на светите, и ако го следиме нивниот пример во потполност ќе успееме да ја промениме секоја неповолна состојба по нас.
Поткрепувај не Боже да Те славиме и воспеваме за Твоите големи дела, верувајќи дека ќе бидеме спасени секој еден од нас, кој со вера исповеда дека Ти Господи Исусе Христе си наш Господ и Спасител. Амин!
 
Отец Славе Костадиновски

 3.angeli.so.truba

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

  Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Кaпиштец, Скопје (22.12.2019)

https://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D1%87%D0%BE%20%D0%BA%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8&ordering=newest&searchphrase=all

 

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »