“Св.Св.Петар и Павле“ од Краун Поинт, Индијана, САД
Не туку така, нашиот македонец го избра токму овој ден за ден на својата слобода и возобновување на македонската државност. Секогаш бевме предводени и поткрепени од Божјата Рака, но и понесени од смелоста на светиот пророк Илија
Никому, македонскиот народ нема да му даде за право да прави компромиси со нашиот македонски национален идентитет. Ако некогаш во изминатите времиња го подигнуваа гласот за македонската нација и државност неколку броени наши македонски интелектуалци, денес за нашата мала грутка татковина – Македонија, стојат неколку милијони македонци. И не само македонците од Македонија, туку и од секаде раселените низ светот: Америка, Канада, Австралија, Европа и по другите континенти, собрани во своите Македонски црковни општини – меѓу другото рече во својата беседа прота Митко Попоски.
Македонскиот национален празник ИЛИНДЕН при нашата Македонска Православна Црковна општина “Св.Петар и Павле“ во Crown Point, Indiana, се прослави достоинствено. Храмот Божји за времето на Божествената света литургија беше исполнет до последното место. Прославата, беше збогатена со присуството на нашиот македонски амбасадор, неговата еминенција господинот Зоран Јолевски со неговата сопруга Сузана Јолевска, кој присуствуваше и на божествената света литургија.
Беше извршена и панихида и сите борци кои ги дадоа своите животи за слободата на Македонија.
Прославата продолжи со традиционалниот пикник и саботата и неделата со песна и игра на голем наш македонски народ.
Посети:{moshits}