Прeп. Наум Oхридски Чудoтвoрeц -
Божествена Литургија во манастирот на св.Никола, с.Љубанци(05.01.2021)
На 5ти јануари 2021 година, во Неделата на Светите Отци, кога Македонската православна црква - Охридска архиепископија - Јустинијана Прима молитвено го прослави споменот на Прeп. Наум Oхридски Чудoтвoрeц, во манастирот св.Никола во скопско Љубанци, игуменот на манастирската црква Успение на Пресвета Богородица од Берово, отец Фотиј отслужи Божествена Литургија.
“Дали Бог ќе го послушате во секојдневниот живот или не, тоа е ваш избор.Зошто? Затоа што постои голем тренд да имаме една реалност во манастирот или храмот а друга реалност надвор од него.Не постои таква подвоена реалност. Јас сум монах и тука, и на Аљаска,и во Јапонија и во Кореја,секаде сум истиот. Христијанин сум секаде,човек сум секаде. Вие сте христијани и на Нова Година, и во ресторан, и на слава,и секаде. Како духовник јас не сум со вас на тие места, но Светиот Дух е со вас. И сами да останете на Земјата,Светиот Дух повторно ќе биде со вас.
Вам ви пречат сите, постојано се правдате, ете и сами да останете во пустина, никого да не гледате ниту слушате, можете толку многу да згрешите самите да се ставите во пеколот а може и со мнозина луѓе да бидете, никогаш на никого да не погрешите, никогаш да не го прекршите зборот Господов и да бидете во Рајот со сите. Како? Едноставно постапувајќи по зборовите: “Мојот брат е мојот живот”. Или мојата сестра е мојот живот.Или секој што е до мене е мојот живот. Што не посакуваш за себе, не посакуваш и за својот ближен а што посакуваш за себе посакуваш и за него. Св.Јован Кронштатски ќе рече: “Биди дарежлив кон другите и немој да им даваш според заслугата туку според нивната потреба. Сето добро што им го правиш на другите, ќе ти биде вратено порано или подоцна, како што и сето зло што си го нанел некому се враќа во твоjата внатрешност”.
Мачениците се срамот наш,бидејки ние не сме застанале на здрави нозе,не сме ги сфатиле зборовите што Господ ги кажува и едноставно немаме никакво оправдание за нашиот живот.” – рече во дел од својата проповед отец Фотиј
На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
За Преминпортал Симеон Стефковски
2021 лето Господово
Друго: