Во VII Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на св.Пророк Језекиј и преп. Симеон Јуродив и неговиот соподвижник преподобен Јован, во манастирот на св.Прохор Пчински се отслужи света Литургија. Верниот народ се причести со светите Христови Тајни. Во поуката од Евангелието, о.Гаврил истакна дека заради адамовиот пад и нашите лични гревови сите сме грешни, односно духовно слепи, глуви и заробени од демонот, и е потребно да си ги спознаеме и признаеме своите гревови, да се исповедаме и го призиваме името Исусово, односно, трудејки се во подвигот на непрестајната Исусова молитва и преку нашата лична вера да бидеме и излекувани.
И оваа година, втора по ред, откако од Македонија дојде о.Гаврил за игумен на масатирот, во организација на МОЅА, се одбележза Илинден - празникот на македонската националност и идентитет.
За мажите беше организиран турнир во мал фудбал на кој победи екипата “Македонска Фаланга”
<!--Шиф !суппортЛинеБреакНењЛинеЌ--><!--Шиф !суппортЛинеБреакНењЛинеЌ--><!--ШендифЌ-->
Жените можеа да се истакнат со своите кулинарски квалитети во поготвување на традиционални македонски јадења, при што победи Даниела Кајмакоска.
И децата се дружеа и цртаа на тема “Библијата и традицијата на Црквата”.
И децата се дружеа и цртаа на тема “Библијата и традицијата на Црквата”.