Скопје,7ти февруари 2021 год.- храм на св-те Петар и Павле, н. Лисиче
На 7ти февруари 2021 година, во триесет и петата недела по Педесетница, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на празникот Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски, во храмот на св.-те апостоли Петар и Павле, во скопската населба Лисиче, свештеникот Методиј Митановски во сослужение на старешината на храмот, отец ДоцеСиљаноски и свештеникот Вичко Гочевски отслужи Божествена Литургија На Светата Литургија, бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во беседат отец Методиј го протолкува денешното Евангелие, како и житието на св.Григориј Богослов.На крајот го претстави и му посака добредојде на третиот свештеник во парохискиот храм, отец Вичко Гочевски.
„Сe лажат самитe сeбeси oниe кoи самoувeрeнo гoвoрат дeка дoбрo ги пoзнаваат луѓeтo и дeка никoј нe мoжe да ги измами. Кoј мoжe да гo пoзнаe какoв e духoт вo сeкoј чoвeк, oсвeн eдиниoт Бoг Кoј ги знаe тајнитe на срцeтo? Дури и гoлeмитe свeтитeли сe мамeлe за луѓeтo.
Така, на примeр, св. Василиј дoлгo врeмe гo смeтал eдeн лицeмeрeн eрeтик за свeт чoвeк и гo бранeл oд мнoгу напаѓачи, дoдeка најпoслe и самиoт нe сe увeрил за нeгoвата лажнoст и сe разoчарал гoркo. Св. Григoриј Бoгoслoв пoкрстил нeкoј филoзoф, пo имe Максим, и тoлку гo
засакал штo гo држeл вo свoјoт дoм на свoјата трпeза. А тoј, Максим, бил oпак и лукав какo змија. Пo извeснo врeмe, издeјствувал сo сплeтки и сo пoткупувањe да бидe oд нeкoи цариграѓани признаeн за патријарх на мeстoтo на Григoриј. Кoга oва искушeниe, пo гoлeмитe
нeприлики билo oтстранeтo, нeкoи гo укoрувалe Григoрија какo мoжeл кај сeбe да гo чува најгoлeмиoт нeпријатeл? “Нe смe ниe криви, oдгoвoрил свeтитeлoт, акo нe ја прeдвидимe злoбата нeчија. Eдиниoт Бoг ги знаe внатрeшнитe тајни на чoвeкoт. А нам ни e запoвeданo сo
закoнoт, сo таткoвска љубoв да гo oтвoрамe срцeтo свoe за сeкoгo кoј ни дoаѓа”. Нeзлoбниoт чoвeк нe мoжe лeснo да ја пoзнаe злoбата кај злoбниoт.“(Пролог)
По отслужената Литургија отец Методиј повторно направи прекрасен потег- на сите луѓе кои дојдоа во црква, им даруваше по едно чоколадо, и како што кажа, обраќајки им се на изненадените и насмеани верници: „Простете, Вие нас не дарувате, сакавме и ние нешто да ви подариме. Идеата ни беше секое чоколадо да биде завиткано во најразлични духовни пораки на светителите, но за тоа прекратко ни беше времето.“
Во прилог објавуваме неколку поуки на светителите:
Литургијата ја соершуеаме заеднички. Но, ја плаѓаме и цената за тоа. Секој од нас е должен да се грижи за спасението на сите. Нашиот жиеот е бескрајна тајна.
Старец Софрониј
Да се молиме за другиот, значи да му помагаме! Благодарение на благото расположение на нашето срце спрема него, да може да им се спротистави на неговите помисли кои не без причина може да ги има против нас. Наспроти тоа, да не се молиме за него, значи дека ги оправдуваме, немајќи љубов од наша страна, лошите помисли што може да ги има против нас. Да го зачуеаме единството во молитвата, околу чашата Христова, и ќе видиме
дека е лесно да љубиме!
Старец Софрониј
Кој Гољуби Господ, тој секогаш се сеќава на Него, а сеќавањето на Вог ја породуеа молитвата. Ако не се сеќаеаш на Господ, тогаш нема ни да се молиш, а душата без молитвата нема да пребива во љубовта Божја. Бидејќи преку молитвата доаѓа благодатта на Светиот Дух. Со молитвата човекот се чува од гревот, оти умот кој се моли е зафатен со Бог, и во смирението на духот стои пред Лицето Господово, Кого Го знае душата на оној што се моли.
Свети Силуан Атонски
Знајте сигурно дека нема да можете ниту да напредувате, ниту да раснете, ниту да станете совршени, ниту јасно да го разликувате доброто од злото, ако не им се покорувате на своите отци.
Свети Антониј Велики
Ѓаволот не ги лови оние што се изгубени, туку гилови паметните, оние кои Му се блиски на Бог. Од нив ја одзема довербата во Бог и почнува да ги мачи со самодоверба, логика, суд и размислување. Затоа треба паметот да го ставиме во фрижидер, се додека Бог не ни го врати осветен.
Старец Пајсиј Светогорец
Што е вистинско послушание, сме сфатиле дури ако во отсуство на духвникот, замислувајќи го неговиот лик, мислиме дека тој е пред нас и одбегнуваме секаков разговор, или збор, или јадење, или сон, или што и да е друго коешто според нашето мислење би можело да му биде непријатно. Невистинските ученици се радуваат на отсуството на учителот, а вистинските го сметаат за загуба.
Свети Јован Лествичник
Оној нојшто својата совест ја смирил преку покорност кон духовниот отец до најголема мера, тој секојдневно ја исчекува смртта како сон, или подобро кажано а како живот, и не се плаши, бидејќи сигурно знае дека не од него, туку од неговиот духовен отец ќе се бара да положи сметка за него во часот на неговото заминување од овој свет.
Свети Јован Лествичник
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Света Василиева Литургија во храмот на св.-те Петар и Павле, н.Лисиче (14.01.2021)
- Божествена Литургија во св-те Петар и Павле, н. Лисиче (12.07.2020)
- Божествена Литургија во св-те Петар и Павле, н.Лисиче (28.06.2020)
Отец Методиј Митановски:Вистински богати луѓе се во суштина „Светителите“