четврток, 16 септември 2021
Браќа и сестри,
Во понеделник, на 20.09.2021 година, во навечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во Центарот на Скопје. Вечерната молитва ќе биде проследена со Литија околу централното градско подрачје.
Ги повикуваме сите верни чеда кои ќе учествуваат на овој торжествен молитвен собор, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот ковид – 19, така што за сето времетраење на Вечерната богослужба и на Литијата ќе носат заштитни маски и ќе го одржуваат препорачаното меѓусебно растојание.
Извор: Скопска епархија
Друго:
Литијата е православен обред кој се извршува во форма на торжествена поворка од страна на свештенослужителите и верниците, проследена со црковни химни, икони, крстови, рипиди и други свети предмети, со цел да се отдаде почит кон Бога и Неговите светии и да се испроси Неговата благодат и милост.
Литија, во превод од грчки, означува усрдно сенародно молење.
Една од особеностите на литијата е тоа, што таа се извршува околу храмот, манастирот или градот.
Зошто?