Минатите два дена, 22 и 23 јуни, во посета на Бигорскиот манастир беше деканот на Богословскиот факултет, протоѓакон Ратомир Грозданоски со своето семејство.
Гостите беа примени од игуменот на манастирот, архимандрит Партениј, на скромна трпеза на љубовта, а наредниот ден присуствуваа на Утрената богослужба и на Божествената Литургија, како и на Трисагијата, која секоја сабота се извршува во костурницата на манастирот.
Минатата година митри по повод 25-годишниот јубилеј добија митрополитите г.Петар и г.Тимотеј, а оваа година, при свеченото прославување на 40-годишнината од хиротонијата, и митрополитот г.Кирил ќе добие подарок митра.
Истиот ден, сабота 23 јуни, попладнето, манастирот беше посетен од актуелниот Министер за култура, заедно со неговиот шеф на кабинетот, кој во рамките на акцијата „Со вас“ го посети Дебар и неговите жители, а истовремено и неповрзано беа гости и замениците-началници на СВР Гостивар и Тетово, кои беа во посета на нивните припадници што помагаат на редовната полиција и Алфите за воспоставување на поголема безбедност во градот Дебар.
известува: свештеномонах Доситеј