Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а во пресрет на Великиот пост, кога се посветуваме поинтензивно на пост и молитва, кога ја излеваме душата пред Бога и кога посебно го бараме застапништвото и молитвите на Пресвета Богородица, излезе од печат долгоочекуваното второ и дополнето издание од „Богородичниот псалтир“.
Новина во ова издание е акатистот посветен на празникот Животворен извор на Пресвета Богородица – Балаклија.
Да ги умножиме нашите подвизи, да ги засилиме нашите молитви, а во овој подвиг најмногу ќе ни помогне токму овој Богородичен псалтир.
Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на свештеник Јани Мулев.
Во текот на оваа недела ќе биде доставен до сите цркви и манастири во Повардарската епархија, а исто така може да се нарача во издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.
http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/