логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Во издание на „Библиотека Воведение“ при Манастирот Воведение на Пресвета Богородица Елеуса, излезе од печат книгата „Соочување со апсурдот“ на Струмичкиот Митрополит Наум.
Книгата е издадена по повод 40 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, и е посветена на нејзиниот Свет Архиерејски Синод, особено на првиот по чест меѓу еднаквите во него – Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

 

Предговор

 

„Соочување со апсурдот“ е книга која настана како директен и жив(оносен) одговор на една многу конкретна и сe уште актуелна црковна состојба, која опфаќа временски не толку долг период, колку што според содржината на случувањата, за православните христијани во Македонија посебно и воопшто за православните христијани, исклучително критичен. Затоа значењето и местото на ова аксиолошко дело-лектира, во нашата теолошка литература е навистина посебно.
Извесен дел од текстовите на коишто читателот ќе наиде во оваа книга веќе беа објавени во „Школа за исихазам“, дело исто така на Струмичкиот митрополит Наум, во кое е широко поставен ‘проблемот’ што Македонската Православна Црква го има со Српската Православна Црква, како и тоа од каде тој произлегува и во што се состои неговото решение – се разбира секогаш низ призмата на неизземливото, вечноактуелно светоотечко Предание, кое пред сѐ е длабоко подвижничко и литургиско, а заради тоа и неодминливо исихастичко.

Но, бидејќи пастирската посветеност на нашиот Епископ иницираше одговор на уште некои аспекти од ‘проблемот’ што во меѓувреме се отворија, се појави и една, да речеме повеќе практична потреба, сите тие текстови досега објавени во разни печатени и електронски медиуми, заедно да бидат ставени во една посебно издвоена целина. Во неа, благодарение на опитното и длабоко проникливо духовно око на нашиот Епископ биваат разобличени и симнати сите, како што пишува и тој самиот во Воведот, обвивки со кои е замаскиран проблемот, било да се тие канонски или литургиски или етнофилетистички или политички обоени, при што, на крајот доаѓаме до неговата суштина: непросветленоста на одговорните личности. Страста за световна власт и слава е неразделна од непросветленоста како и од демонот поврзан со неа.
На таквиот, до срж соголен ‘проблем’, авторот на неколку места во книгата, секогаш приоѓајќи интроспективно, нуди конкретно, конечно и пред сe функционирачко решение коешто за православни браќа, кои исповедаат едно и исто „Верувам“ нема зошто да не биде прифатливо и спроведливо во пракса.

Што се однесува пак до проблемот од типот на ‘името на една Црква’, во услови кога целото Православие користи етнички интонирани имиња и притоа наголемо ја поттикнува ереста на етнофилетизмот во пракса, тој е просто смешен, да не речеме измислен.
 
Така, додека ние православните години наред, со еден крајно игнорантен однос, просто мижејќи се соочуваме со овој ‘апсурд’, тој сe појасно се исцртува на историскиот хоризонт од овој свет и век, и тоа како страшно предавство не на некакво си таму апстрактно Православие, туку на Самиот наш Господ и Спасител Исус Христос, Кој ни кажа: „Јас сум патот, вистината и животот“ (Јован 14, 6). И уште: „Ако сте г направиле (не сте го направиле) тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле (не сте Ми го направиле)...“ (Мат. 25, 40-45).

Според тоа, познавајќи го нашиот Епископ, знаеме дека неговата пастирска борба не е заради и единствено за признавањето на Македонската Православна Црква, особено кога знаеме дека ниту со признавањето нешто ќе и се придодаде или пак со непризнавањето нешто ќе ѝ се одземе, туку пред се заради единството и полнотата на Православната Црква воопшто, и заради соборното сведоштво на најпрекрасниот меѓу синовите човечки, нашиот Спасител и Господ Исус Христос… „Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе” (Јован 13, 34-35).

А застапништвото на Неговата Пречиста и Преславна Мајка Богородица и секогаш Дева Марија да биде постојано со нашиот возљубен Епископ и духовен Отец, и преку него со сите нас!


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

23/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (пост со масло)

Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски; Светите маченици Александар и Антонина; Свети Васијан, епископ Лавдиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная