логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Zlatko.Malinov.sv.Joakim

 

+Неракотворната икона на Господ Исус Христос; Светиот маченик Диомид; +Преподобен Јоаким Осоговски; Светиот маченик Стамат; Старец Јосиф Исихаст;


Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 11:27-30

27.     Сe ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.
28.     Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам;
29.     земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши;
30.     зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.”

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 1:9-15

9.     А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јована во Јордан.
10.     И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува на Него.
11.     И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.”
12.     Веднаш потоа Духот Го изведе во пустина.
13.     И беше таму, во пустината, четириесет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеја.
14.     А потоа, кога Јован беше предаден, дојде Исус во Галилеја и ја проповедаше радосната вест за царството Божјо,
15.     и велеше: „Времето се исполни и царството Божјо наближи, покајте се и верувајте во Евангелието.”

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Колосјаните 1:12-18

12.     благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нe направи способни да учествуваме во наследството на светитите во светлината;
13.     нe избави од власта на темнината и нe доведе во царството на Својот возљубен Син,
14.     во Кого имаме откуп преку крвта Негова и опростување на гревовите,
15.     и Кој е образ на невидливиот Бог, првороден пред секоја твар;
16.     бидејќи преку Него е создадено сe што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сe е преку Него и за Него создадено.
17.     Он е пред сe, и сe преку Него се држи.
18.     И Он е глава на телото, односно на Црквата; Он е почеток, првороден меѓу мртвите, за да има првенство во сe.

Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 5:10-15

10.     зашто сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да прими што заслужил, според она што го извршил во телото свое, било добро или зло,
11.     И така, знаејќи го стравот од Господа, ние ги вразумуваме луѓето, а за Бога сме јавни: се надеваме дека сме познати и на вашите совести.
12.     Не се фалиме, пак, пред вас, туку ви даваме повод, вие да се фалите со нас, та да има, што да им речете на оние, кои се фалат по лице, а не по срце.
13.     Ако сме претерале во пофалбите свои, тоа е заради Бога; ако сме умерени, тоа е поради вас.
14.     Бидејќи љубовта Христова нe гони да размислуваме за ова дека, кога еден умрел за сите, тогаш сите се умрени.
15.     А Христос умре за сите, та живите да живеат не веќе за себеси, а за Оној, Кој умре за нив и воскресна.

Zlatko.Malinov.sv.Joakim1

Поука на денот: Свети Ефрем Сирин
Човекот кој трпеливо поднесува кога го озборуваат или навредуваат личи на оној кој го заклучил лавот во кафез, а оној кој одговара со озборување и со навреди, личи на човек којшто самиот себеси се удира (со оружје).

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

« »

Православен календар

 

30/01/2025 - четврток

+Преподобен Антониј Велики; Светиот цар Теодосиј Велики; Светиот маченик Георгиј Нов Јанински;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная