На 24. август и на 28. август 2008 во црковните општини на Европската Епархија на Македонската Православна Црква во градовите Пула и Ријека (Република Хрватска) беа одржани предавања на тема „Македонското православно христијанство денес“. Предавањата ги водеше Милан Ѓорѓевиќ, дипломиран богослов на Православниот богослвоски факултет во Скопје и докторант на Универзитетот во Келн (Германија), со благослов на Митрополитот Европски, господин Пимен.
Во центарот на вниманието беа поставени прашањата за литургискиот и црковниот живот на современите православни христијани и за љубовта – силата која ја конституира Црквата Христова. Пристуните зедоа активно учество во дикусиите кои уследија, при што беше допрено и актуелното прашање за животот на православните во современите мултикултурни општества.
Посети: {moshits}