Денес кога светата црква го празнува споменот Отсекување главата на Свети Јован Крстител, 11.09.2008 година, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со парохискиот свештеник во МПЦО„Св.Наум Охридски“ – Малме Прота-Ставрофор Блажо Кожарски и ѓаконот Илија Спасевски отслужи Света литургија во Соборниот храм посветен на Свети Наум Охридски Малме-Шведска.
Денешното евангелие за отсекувањето на главата на свети Јован Крстител владиката го протолкува како убивање на совеста која не повикува на покајание и држење до човековите морални вредности.
Известува: протоереј-ставрофор Блажо Кожарски
фото: Никита
Посети:{moshits}