логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Opelo.Takovski

Скопје, 21.04.2023 г.- Соборен храм  Свети Климент Охридски

 Opelo.Takovski4

„На ден 21. 04. 2023 година во Соборниот архиепископски храм ,,Свети Климент Охридски" - Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на: Митрополитот Преспанско-пелагониски г.Петар,Митрополитот Повардарски г.Агатангел,Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и на викарниот Епископ хераклејски г. Климент отслужи опело на новопретставениот протоереј-ставрофор Јован Таковски, долгогодишен професор и и поранешен декан на Православниот богословски богословски факултет и еден од најплодните просветни дејци на нашата МПЦ-ОА.“

 Opelo.Takovski3

Нека Семилостивиот Господ на Кого верно Му служеше Го насели нашиот отец Јован во пределите рајски таму каде што почиваат праведниците! Вечен нека му е споменот!

 

 FOTO Galerija

 

 

 

 

TVIT421


Во Господа се упокои ставрофорниот протојереј Јован Таковски

На 19.4.2023 година, во Господа се упокои ставрофорниот протојереј Јован Таковски – најплодниот црковен деец и ерудит од поновата историја на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Со својот беспрекорен интелект, учителствување, беседништво и преведување на современ македонски јазик, отец Јован Таковски остави зад себе длабоки траги како за Македонската Црква, така и за Татковината.
Опелото за упокоениот отец беше извршено на 21.4.2023 година во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во сослужение со Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел и Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и со Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски, г. Климент. На опелото присуствуваше семејството на покојникот, како и броен народ – почитувачи и духовни чеда на отец Јован.
Нека Господ Бог го всели отец Јован во светлината на Своето Царство – во онаа Светлина за Којашто тој постојано краснословеше во овој земски живот.
Царство небесно и вечен спомен во Бога, оче Јоване!

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

Св.Григориј Палама: Вистинската смрт настанува кога душата се одделува од божествената благодат и се соединува со гревот

Св.Григориј Палама: Вистинската смрт настанува кога душата се одделува од божествената благодат и се соединува со гревот

· Да се трудиме и ние, со сите наши сили, да бегаме од неа. Да отфрлиме сѐ, да оставиме сѐ, да се откажеме од сѐ и во нашите взаемни односи,...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Арх. Емилијан Симонопетриски -  „Крстот и искуството на Крстот во Православната Црква“

Арх. Емилијан Симонопетриски - „Крстот и искуството на Крстот во Православната Црква“

Постојат толку многу препреки кои се појавуваат и го прават тежок човечкиот живот, а дните негови болни! Можеме да кажеме дека она што човекот го живее е сè она што...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е...

Александар Несторовски:16-та недела  по Педесетница 24/09/2023

Александар Несторовски:16-та недела по Педесетница 24/09/2023

Преку денешнава парабола, Христос не поучува дека секој од нас е создаден од Бога со уникатна убавина, различна од другиот до нас. На секој од нас Бог ни дарил разнообразни...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

« »

Православен календар

 

02/10/2023 - понеделник

Св. маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт; Св. маченик Зосим Пустиник; Св. Теодор, кнез Јарославски; 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови мч-ци Саватиј, Трофим и Доримедонт 19 септември / 2 октомври 2023

Тропар на св. Христови мч-ци Саватиј, Трофим и Доримедонт 19 септември / 2 октомври 2023

Во Троица славениот Бог,тројцата маченици ги прослави,Трофим, и Саватија и Доримедонт:

Тропар на светиот Христов епископ преподобен Евмениј Гортински 18 септември / 1 октомври 2023

Тропар на светиот Христов епископ преподобен Евмениј Гортински 18 септември / 1 октомври 2023

Милостив Евмение, пастиру Христов,со помош Божја себе најпрво се излечи,соблекувајќи го стариот човек телото го умртви,

Тропар на св.Христови мч-чки Вера Надеж и Љубов и нивната мајка Софија 17 септември / 30 септември 2023

Тропар на св.Христови мч-чки Вера Надеж и Љубов и нивната мајка Софија 17 септември / 30 септември 2023

Блажени сте вие о маченици Христови, Вера, Надеж, и Љубов,ќерќи на Софија која е напоена од Мудроста,ве приведе не само...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная