логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Ilija.kp2

Илинденско послание (31.07.2023 09:46)

† СТЕФАН

ПО МИЛОСТА БОЖЈА,

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,

ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,

ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО

И ДО СИТЕ ЧЕДА НА

МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

– ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА,

А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,

ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА

„Радувај се, Илија, голем пророку

и славен претходнику

на Второто Христово пришествие!“[1]

 

 

Возљубени празникољупци,

Старозаветните пророци биле Божји избраници – ревнители за вистината и за правдата. Тие, како гласноговорници и исполнители на Божјата волја, го поучувале и го поттикнувале народот кон покајание и кон богобарање, презирајќи го идолопоклонството како недостојна замена за Бога. Впрочем, пророците ги подготвувале срцата на луѓето за пресрет на ветениот Месија, па затоа сите нивни повици и пророштва биле насочени кон Него, кон Христа – Спасителот на човекот и на сето создание.

Ете, токму таков – ревносен по нарав, богољубив по душа и огненоверен по срце – бил и светиот пророк Илија. Тој, борејќи се против идолопоклонството[2], станал вистински поборник за верата, надежта и љубовта во Бога, па затоа неговата севкупна благотворна дејност е за подражавање, а неговиот богопосветен живот – за следба.

Возљубени во Господа,

Врз плеќите на времето во коешто живееме, како никогаш досега, е натоварено неподносливо гревовно бреме, причинето од нашата самодоволност и нашата отуѓеност од Бога. Затоа, потребно е постојано да се угледуваме на светиот богозерцател Илија, па како што тој ја посведочи славата Божја – бидувајќи очевидец при преображенската светлина[3] – така и ние да се удостоиме да ја видиме истата таа слава, така што постојано ќе бидеме во покајание, ќе напредуваме во добродетелите и ќе ги исполнуваме Божјите заповеди, втемелени врз богољубието и човекољубието[4]. На тој начин ќе се ослободиме од душевниот товар, којшто е последица на грев­от; ќе се ослободиме од сите тегоби, коишто го отежнуваат нашето катадневие и ќе ги раскинеме сите окови, коишто нè попречуваат да врвиме по вистинскиот пат.

Меѓу другото, не треба да бидеме рамнодушни ни кон сите надворешни влијанија кои­што, на секакви можни начини, се обидуваат да Го оддалечат и да Го искоренат Бога од нашите животи, туку да се закитиме со верата, надежта и љубовта – со коишто беа украсени пророците и апостолите, мачениците и исповедниците и сите богољубиви души – и евангелски да им се спротивставиме, покажувајќи дека да се љуби Хрис­та, значи да се живее рамномаченички живот, живот во кој ќе се сведочи Неговото неизмерно човекољубие.

Всушност, нашево време – времето во кое­што ние сме повикани да Го сведочиме Христа – е, несомнено, најплодородната почва врз којашто треба, подобно на светиот пророк Илија, да ги посееме семињата од нашата вера во Него, од нашиот подвиг заради Него и од нашата благодарност кон Него. Зашто, токму во ова време ќе ги вкусиме и плодовите од сеидбата; токму во овој миг од вечноста ќе го обереме оној плод којшто ќе нѐ преобрази во вистински христољупци и христоносци – во вечни жители на Царството небесно.

Возљубени потомци на славните илинденци,

Годинава одбележуваме 120 години од славното Илинденско востание во 1903-тата и од загинувањето на еден од најголемите идеолози и борци за слобода на Македонија − Гоце Делчев. Истовремено, пак, си припомнуваме и за нашата општонародна вековна борба за слобода, за оној внатрешен порив, внедрен кај секој родољубец, непоколебливо да се спротивстави на сите неп­равди и негирања, а сето тоа само со една цел: доследна грижа и преданост кон сиот црковен и национален аманет, оставен од предците.

Впрочем, и во родољубивата свест на храбрите илинденци биле вгнездени ваквите слободарски идеали и тлееле копнежите за овој исконски дар од Бога. Токму затоа Илинден е најбележитиот национален празник за нас, Македонците, зашто преку него – благодарение на сплотеноста и едномисленоста – е постигнат највисокиот дострел на македонската борба за слобода.

Возљубени родољупци,

Славните илинденци ни се светол пример и поттик за тоа колку треба да ја љубиме Родината, како треба да го негуваме и да го чуваме сето доверено наследство и зошто е потребно, во најтешките мигови, да се обѕрнуваме кон Бога и да ја бараме Неговата помош и закрила. Кон овие славни јунаци да се обгледуваме пос­тојано, за и во нас да се вкорени силниот стремеж за слобода и за заштита на сопствениот црковно-национален бит.

На овој ден да се потсетиме и на Свештеничкиот собир, одржан во Издеглавје, во 1943 година, како и за учесниците на сите црковни собори, и за сите коишто го чуваа споменот за нашата древна Црква, и чиишто желби и заложби минатата година конечно се исполнија. Исто така, молитвено да си приспомниме и за жртвите во сите војни, буни и востанија – комити и војводи, партизани и бранители – и за сите кои­што паднале во борбата за слобода и одбрана на Македонија.

Меѓутоа, притоа никогаш да не забораваме дека вистинската слобода – онаа со којашто Христос нѐ ослободи[5] – ќе ја достигнеме само ако ја положиме сета наша надеж во Него[6], ако потполно Му се довериме[7] и ако сиот наш живот Нему Му го предадеме. Зашто, само во Христа и со Христа сме потполно слободни; и само преку заедница со Христа можеме да се ослободиме од гревот и од смртта – нашите најголеми поробувачи.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Македонското црковно и национално минато било бранувано од разни искушенија и предизвици, како и од бројни поробувања, предавства и неправди. Но нашиов народ ги урнал сите поставени пречки, имајќи заштита и крепост од Бога, од Кого никогаш не отстапил и кон Кого секогаш ги упатувал своите молитви и немоќи. Всушност, сиот опстој на македонскиот народ низ вековите, па сè до денес, е, неоспорно, Божји дар. Зашто, само оној народ и само онаа Црква коишто се потпираат на Божјата милост и ја положуваат сета верба и надеж во Него – ќе опстанат довека.

Така, со Божја помош и по молитвите на свети Климент, патронот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, и ние се удостоивме да ги собереме плодовите од подвизите, од молитвите и од долготрпението на нашите претшественици. Благодарение на нив, Бог благоволи и ни ја дари најголемата радост во изминатиов период – радоста изнедрена од канонското и евхаристиско единство и признатата и прифатена автокефалност од помесните Православни Цркви. Зашто, само преку еднодушноста и преку едномислието стануваме вистинско Тело Христово – стануваме Црква, за каква што се застапуваа и каква што ја посакуваа сите наши црквољубиви претходници.

Според тоа, сите годишнини не се само бегло сеќавање на минатите собитија, на чиишто челни места се нашле многумина наши национални или црковни дејци, туку се спомендени во коишто секојпат одново узнаваме дека без сплотеност и еднодушност, без страв Божји и без верба во Него – секој наш подвиг е залуден.

Нека ни е вечна нашата Македонска Црква и Татковината – Македонија! Нека ни е вечен Илинден и нека им е вечен споменот на сите борци за духовна и за национална слобода на Македонија! Амин!

† СТЕФАН

АРХИЕПИСКОП

ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

заедно со членовите на Светиот архијерејски синод

на Македонската Православна Црква

– Охридска Архиепископија

† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и

администратор Австралиско-новозеландски

† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски и

администратор Австралиско-сиднејски

† НАУМ, Митрополит Струмички

† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски

† ЈОВАН, Митрополит Крушевско-демирхисарски

† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски

† ПИМЕН, Митрополит Европски

† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички

† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски

† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски

† ЈОАКИМ, Епископ Дељадровско-илинденски

† МАРКО, Епископ Делчевско-каменички

Илинден, 2023-то лето Господово

[1] Од Акатистот кон светиот пророк Илија.

[2] Види: 3 Цар 18, 20–40.

[3] Види: Мт 17, 3; Мк 9, 4 и Лк 9, 30.

[4] Сп. Мт 22, 37–39.

[5] Сп. Гал 5, 1.

[6] Сп. 1 Јн 3, 3.

[7] Сп. Ефес 3, 12.



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Православен календар

 

30/01/2026 - петок

+Преподобен Антониј Велики; Св. цар Теодосиј Велики; Св. маченик Георгиј Нов Јанински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари   2026

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари 2026

Делата засветлија во Православиетосо нив го замолкнавте злословието,победоносци станавте,ги обогативте сите со благочестие,и Црквата ја украсивте,

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари  2026

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари 2026

Порфирата царска ја прифати како предвесник на вистинскиот сјај,на ангелските одори во небесното царство,о Теодосие смирен слуго Божји,Духот разум ти...

Тропар на светите Христови маченици Певсип, Елевсип, Малевсип и баба им Неонила  29 јануари/16 јануари 2026

Тропар на светите Христови маченици Певсип, Елевсип, Малевсип и баба им Неонила 29 јануари/16 јануари 2026

Свети Христови маченициПевсип, Елевсип и Малевсип,како новонасадени маслини на гората Господова,имајќи таков силен корен во нивата Неонила,која со благодат се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная