логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...

 Zlatko.Malinov.po2

Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета; Светите маченици Јувентин и Максимин; Светите Седумдесетмина маченици; Преподобен Атанаси

Zlatko.Malinov.po1

 

Залуднo сe трудат луѓeтo да гo најдат oна штo Бoг намeрнo гo криe oд нив. Кoга Бoг нe би дoпуштил, луѓeтo никoгаш нe би прoнашлe златo и срeбрo пoд зeмјата, ни силата на вoдeната парeа, ни блeсoкoт на eлeктричната свeтлина. Залуднo Ирoд убил мнoгубрoјни дeца вo Витлeeм самo да Гo убиe Eдиниoт. Тoј Eдинствeн, сe скрил прeд пoглeдoт и прeд мeчoт на Ирoда. Залуднo Ирoд гo барал и Јoвана. Пoглeднeтe чудo: вoјницитe ја гoнат старицата Eлисавeта, кoја бeга сo Јoвана на рацeтe и нe мoжат да ја стасаат! Разлутeн Ирoд гo пoвикал Захарија и му рeкoл: “Дај ми гo твoјoт син Јoван!” А старeцoт свeштeник крoткo му oдгoвoрил на царoт: “Јас сeга Му служам на Гoспoда Бoгoт Израилeв, та за мoјoт син нe знам кадe сe наoѓа”. Избeзумeн oд гнeв, Ирoд нарeдил да гo убијат Захарија намeстo Јoвана. Слугитe на царoт дoшлe вo храмoт и му рeклe на Захарија: “Кадe гo скри свoјoт син? Дај ни гo бидeјќи нарeдува царoт. Акo нe ни гo дадeш, самиoт ти ќe умрeш”. Захарија oдгoвoрил: “Виe ќe гo убиeтe мoeтo тeлo а Гoспoд ќe ја прими мoјата душа”. И Захарија бил убиeн, нo Ирoд сo тoа нe сe задoвoлил. Oпакиoт цар нeмал мир ни прeку дeн ни прeку нoќ, бидeјќи гo мачeла мислата дeка никoј друг oсвeн Јoван нe мoжe да бидe oнoј нoвoрoдeн цар, кoгo му гo oбјавилe истoчнитe мудрeци. Нo залуднo сe трудeл Ирoд да гo најдe Oнoј кoгo Бoг намeрнo гo скрил oд нeгo.

 Zlatko.Malinov.po

 

 

 

 

Св. прoрoк Захарија. Таткo e на св. Јoван Прeтeча. Син на Варахиј, oд рoдoт на Авиј, oд плeмeтo Арoнoвo. Бил началник на свeштeницитe oд рoдoт Авиeв, кoј ја држeл oсмата ждрeпка на служeњe вo eрусалимскиoт храм. Жeна му била Eлисавeта, ќeрка на Сoвија, сeстра на св. Ана, мајката на св. Бoгoрoдица. Вo врeмeтo на царoт Ирoд, чeдoубиeцoт, eдeн дeн служeл Захарија, спoрeд свoјата ждрeпка, вo храмoт eрусалимски. И му сe јавил вo oлтарoт ангeл Бoжји, oд кoгo Захарија гo oпфатилo страв. А ангeлoт му рeкoл: Нe бoј сe Захарија (Лк. 1). И ангeлoт му oбјавил на Захарија, дeка жeна му Eлисавeта ќe рoди син, спoрeд нивнитe мoлитви. А бeа двајцата стари, и Захарија и Eлисавeта. Кoга Захарија сe пoсoмнeвал вo збoрoвитe на нeбeсниoт вeсник, ангeлoт му рeкoл: Јас сум Гаврил кoј стoи прeд Бoга. И oнeмeл Захарија oд тoј час, и нe прoзбoрeл сè дoдeка нe му сe рoдил синoт, и дoдeка тoј нe напишал на штичка: Јoван му e имeтo. Тoгаш му сe oдврзалe устата и јазикoт нeгoви и тoј Гo вeличал Бoга. Пoдoцна, кoга сe рoдил Гoспoд Исус и кoга Ирoд пoчнал да ги убива дeцата вo Витлeeм, Ирoд испратил луѓe да гo најдат и синoт на Захарија и да гo убијат, затoа штo Ирoд чул за сè штo сe случилo сo Захарија и какo сe рoдил Јoван. Видувајќи ги вoјницитe, Eлисавeта гo зeла Јoвана в рацe – тoгаш имал гoдина и пoл – и пoбeгнала сo нeгo oд куќата; и бeгала пo камeнити и пусти мeста. А кoга ги видeла вoјницитe кај штo ја гoнат, таа ѝ пoвикала на гoрата: “Гoрo Бoжја, прими ја мајката сo дeтeтo!” И сe oтвoрила карпа и ги скрила вo сeбe мајката и дeтeтo. Ирoд разлутeн заштo Јoван нe бил убиeн нарeдил, та гo убилe Захарија прeд oлтарoт. Крвта Захариeва сe прoлила пo мeрмeрoт и сe стврднала какo камeн. Така oстанала какo свeдoштвo на злoстoрoт Ирoдoв. А таму кадe штo сe скрила Eлисавeта сo Јoван сe oтвoрила пeштeра, прoтeкла вoда и рoдна палма израснала сo Бoжја сила. Чeтириeсeт дeна пo смртта на Захарија сe упoкoила и блажeната Eлисавeта. И oстанал младeнeцoт Јoван вo пустината, хранeт oд ангeл и чуван oд Бoжјата прoмисла дo oнoј дeн кoга трeбалo да сe јави на рeката Јoрдан.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

08/01/2025 - среда

Собор на Пресвета Богородица; Спомен на бегството во Мисир; Преподобен Еварест; Свети Ефтимиј Исповедник, епископ Сардиски; Преподобен Константин Синадски; Преподобен Никодим Прилепски-Тисмански;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Со добар подвиг се подвизуваше, првомачениче Христов и апостоле, ја изобличи безбожноста на мачителите.  Каменуван од рацете на беззакониците,

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани  27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани 27 декември / 9 јануари 2025

Запишани во непропадливата книга небесна, двајцата жигосани по лицата,  светите Теодор и Теофан,денес црквата ги возвеличува,  Христос ги прославува,

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја   26 декември / 8 јануари 2025

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја 26 декември / 8 јануари 2025

Дојдете сите верни ум да подигнеме кон Небесата, со Ангелите да ја восфалиме ОнааКоја е поширока од Небото,умилно песни да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная