На 13.4.2024 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Oсветувањето на новоизградениот храм посветен на светите 40 Севастиски маченици – Младенци, а којшто беше изграден во спомен на петтемина свирепо убиени во 2012 година кај месноста Смилковци, крај Смилковското Езеро.
По Чинот на осветување беше отслужена Божествена Архијерејска Литургија во присуствона многуброен верен народ. По Литугијата, Архиепископот им додели одличја „АрхиепископДоситеј“ на градоначалникот на општина Гази Баба г. Бобан Стефковски и на градоначалникот наопштина Бутел г. Дарко Костовски за особените заложби при изградбата на храмот.
https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/osvet-hram-smilkovsko-2024/