логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПОЗДРАВНО СЛОВО НА ДЕКАНОТ НА ПРАВОСЛАВНИОТ БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕРТ ВО СКОПЈЕ
(Почеток на студиска 2008/09 година)

Aco.Priziv2.jpg
Ваше блаженство, уважени професори и драги студенти,
Се собравме денес на заедничка молитва, скратетно речено на Литургија, а потоа и на чинот Призив на Духот Свети, за да измолиме благослов од Господ Бог за успешна работа во претстојната студиска година. Со тоа всушност официјално ја започнавме новата академска година.

По тој повод упатуваме поздрав на досегашните студенти и нивните наставници, посакувајќи им успешна наставно-научна работа.
 Ги поздравуваме, исто така, и новозапишаните студетнти; коишто со радост ги прифаќаме, ги охрабруваме и ги благословуваме. Им посакуваме добредојде во оваа наша високообразовна институција. Ете, во овој духовен центар, вие се подготвувате за идната мисија што ќе ја определи Црквата.

 Aco.Priziv4.jpgПочитувани студенти, Македонската православна црква годинава прославува 50 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонска православна црква. Централната прослава туку што се одржа во минатиот викенд во Охрид. Ние бевме дел од свечените настани. Беше констатирано дека МПЦ отвори нова страница, особено на образовен-воспитен план. Вие ќе бидете сведоци, учесници и носители на една нова епоха на црковното живеење на МПЦ.
Зошто велам нова страница и најавив нова епоха на МПЦ? Па, затоа што се случија настани што би можеле да ги наречеме историски. А тие се:
- воведе веронаука во училишата во Република Македонија и
-  помогна Богословскиот факултет да се здобие со нов државен статус.
Во таа смисла на мене, како декан на Православниот богословски факултет, ми падна голема историска чест, но истовремено и уште поголема обврска:
 За мене чест што,
-Православниот богословски факултет од оваа студиска година доби Државна акредитација со можност на финансирање и од Државата. Тоа е голема сигурност и можност Факултет забрзано да се развива и трансформира според Европските норми за образование и наука.
 Aco.Priziv.jpgЗа мене обврска што,
 - Факултетот се обврза да работи според Европскиот Кредит Трансфер Систем и според  Болоњската конвенција.
 - Факултетот од оваа студска година ќе ги започне, исто така, за прв пат последипломските студии. Ова е веќе полнота и иднина. Ете тоа се првичните новини кои ќе имате прилика да ги почуствувате и самите вие драги студенти, и да бидете дел од заедничките настани.

Ја користам оваа прилика да ве потсетам денес на зборвите на светиот апостол Павле, со кои ги беше поучил Римјаните на некои основни правила за живот : „Браќа, бидејќи според дадената благодат имаме разни дарови: тогаш нека биде според верата; служба ли, нека служи; учител ли е – нека учи; наставник ли е – нека утешува; управител ли е нека управува; кој што прави, нека го врши тоа со добра волја. Љубовта нека не биде лицемерна, отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто; еден кон друг бидете љубезни со братска љубов; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг. Во усрдноста да не сте мрзливи; духот да ви биде пламенен; служете Му на Господа. И уште: бидете радосни во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани“ (Рим. 12, 6,12).

Почитувани студенти, во таа смисла јас само би додал, и би ви препорачал. Почитувајте ги наставниците ваши и бидете исполнителни, оти тие, бидејќи  се задолжени да одговараат, да бдеат за вашите души, - та со радост тоа да го вршат, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас. И уште повеќе ве молам да го вршите ова... за Бог на мирот, големиот Пастир - нашиот Господ Исус Христос да ве усоврши во секое добро дело (сп. Евр.13,17-21).

Aco.Priziv1.jpg

 Па, нека е благословен почетокот на новата студиска година, која е триесет и прва по ред! На многу години. Амин.

Aco.Priziv3.jpg

8.октомври
Капиштец, Скопје.
  


Протојереј д-р Ацо ГИРЕВСКИ, декан
 на Православниот богословски факултет во Скопје

Посети:{moshits}

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/07/2026 - среда

Петровденски пости; (строг пост)

Преподобната маченичка Февронија; Преподобен Дионисиј ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски  3 јули/ 20 јуни 2026

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски 3 јули/ 20 јуни 2026

    Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот, живеејќи по Дух,

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни  2026

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни 2026

Како Христов сродник познавајки те о Јудо,и како храбар маченик свештено те восфалуваме,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная