логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Zvonko.sv.Kliment2

 Zvonko.sv.Kliment3

 Zvonko.sv.Kliment4

 Zvonko.sv.Kliment5

 

 

Zvonko.sv.Kliment1

 

 

 

 

 

09.08 - СВ. ВЕЛИКОМАЧЕНИК ПАНТЕЛЕЈМОН
Свети Пантелејмон е роден во градот Никомидија во третиот век. По раѓањето бил наречен Пантелеон, што значи "во сѐ како ла", но подоцна тоа име било заменето со Пантелејмон, што значи "семилостив".
Уште во детството бил воспитуван во христијанската вера, бидејќи мајка му била христијанка. Меѓутоа таа се упокоила кога Пантелејмон бил сеуште дете, а неговиот татко бил многубожец кој го носел сина си во идолскиот храм, и во паганско училиште.
Одејќи кон училиштето, по патот Свети Пантелејмон го запознал стар христијански свештеник Ермолај, кој подцна ќе го крсти. Свети Ермолај го засакал Пантелејмон и Господ му внел во срцето желба да го просвети момчето со светлината на вистинската вера. Свети Ермолај живеел со два други свештеници, Св. Ермипиј и Св. Ермократ, и сите тројца биле преживени од масакрот на 20 000 христијани во 303 година.
Кога се враќал од кај учителот, видел мртво дете на патот каснато од змија. Првиот впечаток бил страшен бидејќи живата змија лежела до детето. Кога ги повикал зборовите на старецот за Божјата благодат, тој се обратил со молитва кон Христа за помош. Наеднаш детето се разбудило од сон а змијата умрела. Пантелејмон многу се израдувал и веднаш побарал да биде крстен од Ермолај. Тој веќе станал познат лекар, кај него се обраќале многу на помош.
Еднаш донеле еден слеп, кој што никој не можел да го излекува во градот. Поучен од Божјиот дух, Пантелејмон го повикал вистинскиот Бог преку молитвата и тој човек оздравел и поверувал. Поради тоа, и тој наскоро маченички пострадал како христијанин.
Набљудувајќи ги неговите дела, лекарите дознале дека Пантелејмон ги лекува затворениците - христијани и за тоа се пожалиле кај царот. Царот кога го повикал го праша каква вера исповеда и му рекол дека треба да ја исповеда верата на многуте богови. Тој му рекол : ”Јас сум се откажал од лажните богови и го прославувам Христа.”
Потоа го замолил императорот да донесат некој болен од кој лекарите одамна кренале раце - и рекол дека тој ќе се помоли на Живиот Бог и ќе го исцели, предизвикувајќи ги и незнабожеките лекари да го сторат истото. Луѓето донеле некој парализиран човек, кој сиот живот бил болен: паганските лекари се молеле на нивните идоли за исцелување на болниот, но ништо не се случило. Свети Пантелејмон се помолил на Господ Исус Христос, и болчниот бил излекуван.
Императорот се разјарил, го убил излечениот, а Пантелејмон го дал на измачување.
Биле доведени и тројцата свештеници кои го вовеле во христијанската вера; тие ја исповедале својата вера пред императорот и биле обезглавени. Свети Пантелејмон бил луто озмачуван, но сепак ги преживувал маките. Разбеснет, Максимијан наредил да му ја отсечат главата.
Војниците, сакајќи да му ја пресечат главата додека се молел, останале вчудоневидени кога нивните мечови се стопиле на неговиот врат. Откако завршил со молитвата, се чул глас одозгора, како го повикува. Војниците биле преплашени, но Пантелејмон ги повикал да го извршат тоа што им било наредено. Потоа неговото тело било фрлено во оган, но не изгорело.
Христијаните го извадиле од огнот и го погребале неговото тело. Тоа се случило во 305-та година а дел од неговите мошти можат да се најдат во неколку манастири и цркви во Романија, а дел од нив почиваат и во рускиот манастир наСвета Гора.
Свети Пантелејмон се повикува во молитвите за водоосветување и елеоосветување, заедно со св. Ермолај у другите бесребреници и чудотворци.
Православие.Мк



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

07/06/2025 - сабота

+Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител; Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Кипарски; Светите маченици Пасикрат, Валентион, Јулиј и други; (Задушница);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная