Премин Портал

Кожувчанка

Naum.na.Lit20

Божествена Литургија во Белград (19.08.2024 16:01)

Naum.na.Lit21

Денес, кога Црквата го празнува Преображението Господово на Тавор, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на Рождество на Пресвета Богородица – Ружица, во Белград, Р. Србија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Naum.na.Lit18

Во беседата на Литургијата Владиката се обрати со следните зборови:

              „Денес станува збор за промена и преображение што им се случува на самите Апостоли; бидејќи што може да Му се додаде на Оној во Кого пребива сета полнота на Божеството телесно од самото воплотување? Затоа денес не го славиме толку преображението Господово, колку преображението на Апостолите, како и можноста за нашето преображение. Светите Апостоли се вонредно обдарени од Светиот Дух да можат да ја видат божествената светлина, а Богочовекот Христос само им го покажал тоа што го имал од моментот на Своето воплотување. Толку се преобразиле и обожиле во тој момент, не само со душата туку и со телото, што и со своите преобразени телесни очи можеле да Го видат Богочовекот Христос во Неговата несоздадена светлина. Го виделе Богочовекот таков каков што Он Е. Редовно созерцание, а не вонредно и привремено – како што им се случило на тројцата Апостоли, е возможно само на третиот степен од духовниот развој – обожение, на којшто преку обожителната благодат се гледа божествената несоздадена светлина со преобразените телесни очи. „Во Твојата светлина ќе видиме светлина“.

            Да чуеме што вели свети Григориј Палама: ’Воведените во тајните од Господ (Апостолите), тогаш преку промената на сетилата, која во нив ја предизвикал Светиот Дух, биле приведени од состојба на тело во состојба на дух‘. И уште вели: ’Христос во моментот на Преображението не примил ништо што дотогаш немал, ниту се променил во нешто што претходно не бил, туку тоа го сторил за да им го покаже на Своите Ученици тоа што Он Е, отворајќи им ги очите и правејќи слепите да прогледаат.

         Гледаш ли, дека очите кои физички гледаат се слепи за гледање на Светлината? Значи, таа Светлина не е тварна и не може да се види со сетилните очи, туку тие со силата на Божествениот Дух биле подготвени да ја видат. Апостолите биле променети, и само така можеле да ја видат променетата форма; не таа која дури сега се покажала, туку таа којашто Он ја примил од самото соединување со нашата природа, обожена преку соединувањето со Словото Божјо‘“.

 Naum.na.Lit19

Naum.na.Lit22

 

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=8023

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најнови вести

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов  5 ноември/23 октомври  2026

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 5 ноември/23 октомври 2026

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше...

 Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври  2026

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври 2026

Бoг му гo пoкажал мeстoтo кадe ќe сe пoдвизува. Тoа мeстo билo eдна пoлјанка крај рeката Пчиња. Oвдe св. Прoхoр...

Тропар на светиот Апостол Лука 31 октомври/ 18 октомври  2026

Тропар на светиот Апостол Лука 31 октомври/ 18 октомври 2026

  На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. После мачениката смрт на Св. апостол Павле Свети Лука го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная