Денес, кога светата Црква го слави споменот на преподобен Киријак Отшелник, светите маченици Дада и Говделај, и свети Теофан се отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител во Скопје. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 62)
Во она време замина Исус во земјата Тирска и Сидонска. И ете, една жена Хананејка, како излезе од оние краишта, повика кон Него, велејќи: „Помилуј ме, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко се мачи од бес.“ Но Он не ѝ одврати ниту збор. И пристапувајќи до Него, учениците Негови Го молеа и велеа: „Отпушти ја, оти вика по нас.“ А Он одговори и рече: „Јас сум пратен само при загубените овци на домот Израилев.“ Но таа, кога пристапи, Му се клањаше и велеше: „Господи, помогни ми!“ А Он, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“ Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките, што паѓаат од трпезата на нивните господари.“ Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по желбата твоја!“ И во тој час оздраве ќерката нејзина. (Извор: Евангелие и поука за денес)
Отец Ристо Ристовски произнесе слово за значењето на денешното евангелие, при тоа поврзувајќи го со првото чудо кое Господ Исус Христос го извршил кога ја претворил водата во вино на свадбата во Кана Галилејска.
Посети:{moshits}