kapistec.Risto.jpg

kapistec.Risto2.jpg

Денес, кога светата Црква го слави споменот  на преподобен Киријак Отшелник, светите маченици Дада и Говделај, и свети Теофан се отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител во Скопје. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.

kapistec.Risto3.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 62)

Во она време замина Исус во земјата Тирска и Сидонска. И ете, една жена Хананејка, како излезе од оние краишта, повика кон Него, велејќи: „Помилуј ме, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко се мачи од бес.“ Но Он не ѝ одврати ниту збор. И пристапувајќи до Него, учениците Негови Го молеа и велеа: „Отпушти ја, оти вика по нас.“ А Он одговори и рече: „Јас сум пратен само при загубените овци на домот Израилев.“ Но таа, кога пристапи, Му се клањаше и велеше: „Господи, помогни ми!“ А Он, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“ Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките, што паѓаат од трпезата на нивните господари.“ Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по желбата твоја!“ И во тој час оздраве ќерката нејзина. (Извор: Евангелие и поука за денес)

kapistec.Risto5.jpg

kapistec.Risto4.jpg

kapistec.Risto4.jpg

kapistec.Risto7.jpg

kapistec.Risto8.jpg

Отец Ристо Ристовски произнесе слово за значењето на денешното евангелие, при тоа поврзувајќи го со првото чудо кое Господ Исус Христос го извршил кога ја претворил водата во вино на свадбата во Кана Галилејска. 

kapistec.Risto9.jpg

kapistec.Risto1.jpg

kapistec.Risto10.jpg

Посети:{moshits}