логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Заупокоена Света Литургија на Плаошник (26.11.2024 22:28)

Смртта, која нашиот Господ Христос со Својата смрт на крстот ја победи, стана врата кон вечноста и премин кон духовниот и невечерен свет. Таа повеќе не е крај, туку Пасха, премин кон полнотата на животот што Бог го замисли за човекот. Секогаш кога ќе се соочиме со смртта на некој наш ближен, или дури и на некој непознат, ние сме повикани да се потсетиме дека и нас нѐ очекува истиот пат. Смртта го разобличува она што е минливо и пропадливо во овој свет и нѐ повикува да се сосредоточиме на она што е вистински важно – вредностите кои водат кон вечноста.

Упокојувањето на нашиот сакан Митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј, иако ни донесе тага во срцата поради привремената разделба, воедно нѐ повикува на преиспитување на сопствениот живот. Тој повик е поттик за поправка, за покајание и за обновување на надежта во идниот век, кој е живот во заедница со Бога.

Нашиот почитуван Старец и Игумен, викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Преосвештениот г. Партениј, денеска во сечесниот храм на нашиот небесен закрилник, Свети Климент Охридски, на Плаошник, отслужи светата заупокоена Литургија за вечен спомен на нашиот сакан владика Тимотеј, во сослужение со архимандритите Нектариј, Макариј и Кирил, ставрофорниот протопрезвитер о. Никола Христоски, јереите о. Димче Ѓорѓиески и о. Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и јероѓаконот Порфириј. За време на светото богослужение, чесните мошти на Митрополитот беа изложени во средината на храмот за верниците да оддадат почит, благодарност и молитвен поздрав кон нивниот возљубен архиереј. Храмот на Свети Климент денеска беше исполнет до крај, со многубројни свештеници, монаси, монахињи, кои заедно со народот сведочеа за љубовта и благодарноста кон блаженоупокоениот Митрополит. Меѓу присутните молители беше и градоначалникот на општина Охрид, г. Кирил Пецаков, и други видни граѓани од Охрид.

На крајот од богослужбата, Епископот Антаниски г. Партениј го произнесе своето вдахновено проштално слово пред целиот црковен собор:

„Ваши Високопреподобија,

Чесни и почитувани отци,

Преподобни монаси и монахињи,

Почитуван градоначалниче г. Кирил Пецаков,

Возљубени верници,

Драги ужалени,

Стоејќи сега, со тихование во душите и со молитва во срцата, во свештениот простор на оваа Божествена Евхаристија, каде што Небото и Земјата стануваат едно и каде што смртноста и распадливоста од овој век му отстапуваат место на незаодниот Живот од Есхатонот, ги слушнавме чудесните зборови изговорени од живоносната уста Господова, а запишани од синот на громовникот: Оној кој го слуша Моето слово и верува во Оној Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, туку преминал од смрт во живот. Овие откровенски зборови на Божјиот Домострој за смислата на животот која се остварува по неговиот крај, ни вдахнуваат сигурност дека секој кој го љуби Бога и Му служи со вера и со добри дела ќе премине од смртта во невечерниот живот, наследувајќи ја радоста на Господарот.

Во светлината на оваа евангелска порака, го упатуваме нашето проштално слово на благодарност и молитва за нашиот секогаш сакан, блаженоупокоен Митрополит Тимотеј, кој целиот свој живот го посвети на тоа да биде слуга на Синот Божји. Сега, пред нас е светиот долг за миговно сведоштво за неговите дела, за неговиот живот и за неговата љубов кон Црквата на Јагнето и Пастирот. Со смирение се обидуваме да го изразиме нашето почитување и благодарење за неговиот светол пример, кој ќе остане врежан во историјата на нашата света Црква.

Се простуваме со архиереј кој беше пастир со срце на татко, мудар раководител и ревносен служител на Словото Божјо. Меѓу добродетелите со кои беше украсен неговиот архипастирски живот, особено се истакнуваше неговиот длабок монахољубив дух. По негов благослов, манастирите во Дебарско-кичевската епархија не само што беа обновени, туку беа преобразени во светилници на молитва, духовност и на вистинско монашко предание, што го отсликува древното Атонско наследство.

Со ретка разборитост, Митрополитот Тимотеј им даде слобода на монасите и монахињите да го организираат својот живот според древните монашки типици, дарувајќи ги со благословот на светогорската автономија. Манастирите што тој ги остави зад себе се не само добро уредени, туку и исполнети со многубројно монаштво, сведоштво за неговиот труд и правилен пастирски пристап. истиот пристап тој го негуваше и за делата на свештенството, раководејќи мудро и одлучно и со епархиските работи.

Ние, монасите, монахињите, и свештенослужителите, со посебна љубов се сеќаваме на неговите благословени раце, кои не само што нѐ облекоа во монашката схима, туку и нѐ ракоположија во свештените чинови. Секој од нас е производ на неговото архиерејско освештение. Со љубов и благодарност можеме да кажеме дека сме негови чеда, негово наследство пред престолот на Бога.

Сега, собрани околу неговиот чесен одар, заеднички принесуваме молитви за покој на неговата душа – монасите, монахињите, свештениците и верниците од нашата богочувана епархија. Веруваме и се молиме дека Господ, Кого тој Го љубеше и Му служеше цел живот, ќе го прими во небесните обители, за да пребива таму во светлината на лицето Божјо, на Најпрекрасниот меѓу синовите човечки, заедно со праведниците и со сите светии.

Возљубени браќа и сестри, нема да криеме дека нашата болка денес е голема, но ќе посведочиме и дека уште поголема е нашата надеж. Митрополитот Тимотеј, кој беше столб на нашата помесна Црква, остава зад себе наследство што ќе продолжи да го сведочи неговиот живот исполнет со љубов кон Домостроителот и Дародавец Бог. Сега, кога неговиот земен подвиг е завршен, веруваме дека Господ ќе го награди со непрестајната радост на оние кои го послушаа Божјиот повик и го исполнија својот живот во служба на Неговото име. Нека го прими Господ во вечниот покој, во дворовите на Своето небесно Царство, каде што ќе го чуе благодатниот глас: ’Добар и верен слуго, влези во радоста на својот Господар‘.

Со овие зборови го испраќаме нашиот возљубен Архипастир, сè додека не се сретнеме повторно во Царството Небесно.

Вечен ти спомен, достојно блажен и секогаш споменуван Владико!“

 

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

06/06/2025 - петок

Преподобен Симеон Столпник Дивногорец; Светиот маченик Мелетиј Стратилат и 1218 војници со жени и деца; Преподобен Никита Столпник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная