логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Божествена Литургија во Водоча (07.01.2025 15:43)

На празникот на Рождеството Христово, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во параклисот „Свети Григориј Палама, преподобен Јосиф Исихаст и преподобен Јустин Ќелиски“, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, Водоча. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

Во беседата на Литургијата Владиката рече:

„Сите се среќаваме со проблемот на мир, поточно – со недостаток на мир; пред сѐ, во самите нас, а потоа и во светот што нѐ опкружува. И на сите ни е потребен мир и сите бараме мир; додека, пак, нашето опкружување е полно со немир, неизвесност и страв. Мирот не е исто што и ладнокрвност, односно некоја самоконтрола над мислите и чувствата, па дури не е ни контрола и над најсуптилните органски процеси во нашето тело. Мирот не е ни бесчувствителноста на оние со растројство на личноста – социопатите и психопатите, некоја самодоволност и некоја сигурност што произлегува од власта и материјалната обезбеденост. Мирот не е ни во ропската самољубива покорност.

Мирот не е ни некакво помирување со некаква судбина и слично. Мирот се наоѓа во сигурноста што ја имаме во Богочовекот Христос; во тоа што ние сме Негови – ние сме во Него и Он е во нас. Нашиот мир е во верата и довербата во Него, па што и да се случува внатре и околу нас. Во тоа многу ни помага опитот од животот во Него.

Тој опит ни покажува дека што и да се случува, на крај, сѐ излегува добро – согласно потребите на нашето спасение. Опитот во Него ни покажува и дека мирот го губиме секогаш кога бараме човечка правда – кога бараме освета, т.е. зло за зло; дека само тогаш немаме мир, дека тогаш самите ги отвораме вратите на адот, т.е. им овозможуваме на демоните простор за делување во нашиот живот.

Мирот се состои во барањето на Божјата правда – во нашата сличност со Него, во враќањето со добро на злото, во победата на љубовта над омразата. Целата тајна на Христовиот мир е во барањето на Божјата правда

. А цела тајна на немирот и пеколот е во барањето на човечката правда. Барањето човечка правда ги држи нашите срца затворени за Христос, Кој, всушност, е нашиот Мир – и со Бог, и меѓусебен, и внатрешен. Токму тоа значат и ангелските зборови – „и меѓу луѓето добра волја“; добра волја е исто што и барање Божја правда.

Мирот е Божјо својство, не постои надвор од Бог, надвор од животот во Него, надвор од љубовта Божја. Слава на Бога во висините!

 

Христос се роди!“

 

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=8099

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Многу е карактеристично за ваквата заедница што внатре во неа никогаш и од никого не може да се чуе слово за умно-срдечната молитва, додека пак, што било друго од коешто...

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

31/03/2025 - понеделник


Велигденски пости;
(строг пост)

Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски; Свети Анин Чудотворец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Кирил архиепископ Ерусалимски  31 март/18 март 2025

Тропар на св. Кирил архиепископ Ерусалимски 31 март/18 март 2025

О Кириле оче свети,над тебе многу пати прогонствотоПетрово се исполни, но ти смирено твоето послушание го изврши,верата чиста ја запази,...

Тропар на светиот преподобен отец Макариј Кољазински 30 март/17 март  2025

Тропар на светиот преподобен отец Макариј Кољазински 30 март/17 март 2025

Подвиг имајќи – секогаш на работа,бдение и непрестана молитва, десницата Господова те осени тебе Макарие свети, мудроста не те одмина да...

Тропар на св.Христов апостол Аристовул епископ Британски 29 март/16 март 2025

Тропар на св.Христов апостол Аристовул епископ Британски 29 март/16 март 2025

Исполнет со благодат Христова,епископе свети Аристовуле,светило сјајно постана во земјата Британска.Смирено и трпеливо работејќи на нивата Господова,мноштво страдања и неволји...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная