На 7.1.2025 година, на празникот Рождество Христово – Божик,
Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан,
во сослужение на свештенството од Скопската епархија,
отслужи Божествена Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
На Божествената Литургија многубројниот верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.