логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Vodokrst.Tetovo

ВОДОКРСТ, во храмот Пресвета Богородица - Тетово

18.01.2025 ВОДОКРСТ, во храмот Пресвета Богородица -Тетово, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Златоустова литургија на која сослужуваа протоереј-ставрофор Томислав Јосифоски, протоереј Предраг Исаевски, протоереј Жарко Мицкоски, протоереј Илија Сламков и ѓакон Живомир Јосифоски. Верниот народ се причести со Светите Тајни.

       По светата Литургија се изврши и голем Богојавленски водосвет и според традицијата во Тетово, на Водокрст беше положен светиот крст во водите од базенот во дворот на храмот.

Vodokrst.Tetovo1

       Со свое слово се обрати митрополитот г. Јосиф, кој меѓудругото нагласи: Денес браќа и сестри сме тука во овој велелепен храм посветен на Пресвета Богородица во горно мало-Тетово. По светата Литургија ќе го извршиме големиот Богојавленски водосвет и ќе го положиме светиот крст во водите, и со тоа ќе ја продолжиме траицијата кој ја благословил нашиот претходник митрополитот г. Кирил, која што е востановена уште во 1986 година.

      Денешниот празник во народот е познат како Водокрштение, Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштевањето, односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за пост. Оваа година типикот дозволува пост со зејтин бидејќи е сабота. Овој празник е востановен во спомен на крштението на луѓето кои го примиле христијанството. Во Светата Црква се познати две осветувања на вода: големо и мало. Големото осветување се врши два пати во годината: токму во денешниот ден, на Водопост, во предвечерието на Богојавление и утре на Богојавление, за што се сеќаваме на крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан, во кое Црквата го гледа прототипот на очистување на гревовите, но и вистинско осветување на природната вода со присуството на Бога.

     Значи, во овој ден и во утрешниот ден се извршува Големо осветување на водите, Богојавленски водосвет. Исто така, секој пат кога се извршува Крштение, се случува големо осветување на вода. Додека, пак, Малиот водосвет се врши во разни прилики, како при други црковни чинови и на барање на верниците. Во зависност од потребата, малото осветување може да се изврши во секое време и на секое место: во куќа, во поле, во градина и тн.

     Осветената вода има свое потекло уште во првите векови на христијанството, за што сведочат древните пишани извори како Делата Апостолски, Евхологион, Серапион Тмутски, како и отците од првите векови: Теодорит, блажени Ероним, Епифаниј и други. Освен што водата ја гаси телесната жед, таа ја користиме за гасење и на духовната жед и тоа преку чинот на осветувањето, се осветува и станува света вода.

     На грчки „светата вода“ се нарекува „агиазма“ (αγίασμα) - „светиња“. Светиња се нарекува сето она што е исполнето со благодатта Божја. Под „агиазма“ се подразбира водата над која е извршен чинот водосвет. Читајќи ги молитвите и спуштајќи го Животворниот Крст во водата, истовремено Светиот Дух слегува врз обичната вода и ја прави необична, ја прави света и благодатна и кога ја користиме и пиеме од светата вода на еден начин ние ја здобиваме благодатта од Светиот Дух. Постои благочестиво предание на овој и утрешниот ден, со осветената вода да се попрскаат домовите на верниците, пеејќи го тропарот на Богојавление. Оваа како и водата осветена утре, се користи преку целата година, за по нејзината моќ здравите да се укрепат, болните да се исцелат. Од сето срце како ваш надлежен архиереј ви посакувам добро просветление на сите!

     Впрочем, овој празник со црковниот јазик се нарекува уште и Просвештение, бидејќи е празник на Божјото просветление. Секој што ќе Го спознае Бог во Троица, станува богопросветлен.


За многу години!

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем,...

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

БEСEДА  за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

БEСEДА за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и...

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Одделувањето на човекот од демонот е исто што и барање Божја, а не човечка правда. Секогаш сме ние виновни и никој друг, затоа што сме различни од Богочовекот Христос.Да повторам:...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети великомаченици Екатерина и Меркуриј

Во денешно време се водат кампањи за рамноправен третман на лицата со посебни потреби од типот на оваа подгрбавена жена. Но дали ние не сме тие кои покрај овие луѓе...

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Одговорот е во слободата. Видливо демоноопседнатиот не можеше сосема слободно да одлучува за себеси и Христос можеше да му се смилува без учество на неговата слободна волја, додека, пак, суптилно...

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат...

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

« »

Православен календар

 

01/01/2026 - четврток

Божикен пост; (на масло)

Св.мч Бонифациј; св.Григориј Омиритски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Игнатиј Богоносец  2 јануари/20 декември  2026

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Игнатиј Богоносец 2 јануари/20 декември 2026

Носејќи го Христа жив во твоето срце, Игнатие свети, Богатството твое на Небесата невидливо се укотви, а за нас оставајќи го срцето...

Тропар на светиот Христов маченик Бонифациј  1 јануари/19 декември 2026

Тропар на светиот Христов маченик Бонифациј 1 јануари/19 декември 2026

Бонифацие свети мачениче,покајанието кон Љубовта Христова те поведе,напоен со молитвите на мачениците,ти за себе простување и венец од Господа измоли,а...

Тропар на Христов патријарх Модест Ерусалимски  31 декември/18 декември 2025

Тропар на Христов патријарх Модест Ерусалимски 31 декември/18 декември 2025

Слава Тебе Господи,што такво срце човеково создаде,и по молбата Модестова очисти и исполни,со љубов кон родот човечки.Сотрудник Јованов, утешител Захариев,прославител...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная