Македоската црква Свети Никола во Виндзор, Канада одржа Трета свечена членска вечера на која се заокружија и потенцира успесите што ги постигнува оваа установа на верски, општествен и кутурен план, под водство на актуелниот претседател Менде Талески и сегашната црковна управа.
Председателот ги информира членовите дека во изминатите 10 месеци покрај нормалниот литургиски живот се организирани уште 80 настани од разни области. Притоа тој потенцира дека се работело разумно и рентабилно и дека со пожртвувана доброволна работа и лични донации во реновирањето на овој центар се заштедени повеќе од 200 илјади долари, а долговите према банките се сведени на минимум.
Во рамките на свечениот дел од вечерта, по втор пат беше доделена наградата за животно достигнување која годинава му припадна на господинот Борис Црвенковски.
Врачувајќи му ја наградата, Председателот Талески истакна : « Борис Црвенковски, благајникот на сегашниот административен одбор при нашата Црковна општина е одликуван со најголемата награда што нашата црква ја доделува за животно достигнување. Борис е вториот добитник на вакво одликување во нашава црковна заедница. Неговото несебично залагање и беспрекорно водење на финансиските книги во период од околу 11 години беа неколку од безбројните причини заради кои господинот Црвенковски беше номиниран и изгласан добитник на оваа престижна награда во нашата општина ».
На крајот парохискиот свештеник протојереј-ставрофор д-р Александар Мустеников им се обрати на присутните членови со овие зборови :
“Драги браќа и сестри, кога вака домаќински се работи, кога вака се води сметка и мудро се инвестира, како свештеник неможам да го скријам задоволството и радоста за она што се постигнува. Нашата црква во Виндзор постана пример за сите меѓу нашите Македонски цркви на овој континент. Верувајте, нашата црква во Виздзор преку вашата голема љубов, одданос и почит кон црквата, и во иднина ќе биде знаменосецот на македонскиот прогрес во дијаспората.”
Известува Глигор Стефанов
Посети:{moshits}