Светите маченици Ермил и Стратоник; Свети Јаков, епископ Нисибиски; Преподобен Максим Капсокаливит;
Својствено за човекот е да падне и да се повреди - дури и ако човечкиот живот на земјата трае само еден ден, зашто помислите на срцето на човекот се зли уште од младини ( 1. Мој. 9, 21 ). Меѓутоа, да се падне и потоа воопшто да не се стане, не е човечки. Покајанието го обновува човекот; тоа ни е дадено за да можеме по крштевањето да ја исцелуваме душата. Кога тоа не би постоело, човекот не би можел да се спаси. Токму затоа, покајанието е добродетел и трае додека човекот е жив, бидејќи само совршените не грешат. Чеда мои, секогаш кога ќе видете дека вашите мисли ве прекоруваат поради некој грев, во истиот момент земете лек: покајте се, плачете, исповедајте се, и ќе видите дека ќе се вратите во својата претходна, подобра состојба.
Старец Ефрем Филотејски