логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TviTER788

† Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски

НАДГРОБНО СЛОВО
на Погребението на невинонастраданите Божји чеда во Кочани

Нажалени родители, браќа и сестри, синови и ќерки, сопрузи и сопруги, дедовци и баби, роднини и блиски, соученици и колеги, студенти и соработници, наставници и професори, соседи, сограѓани и пријатели на покојните,

Возљубен народе во Господа,

Наоѓајќи се на овој тажен собир, се прашувам: Зарем малку солзи пролеавме како народ, зарем малку црнила износивме и зарем малку гробови ископавме од најразлични причини, па ни требаше да ја доживееме и оваа сенародна трагедија? Одамна ваква несреќа, одамна ваква и толку бројна младост не беше нѐ собрала како народ и не нѐ повикала за последно збогум, како ова што го доживуваме овие денови и денес во Кочани и во неколку други места во Македонија. Кој можеше да претпостави дека по заслужените денови за одмор, во понеделникот ќе останат празни толку училишни и студентски клупи, дека толкумина нема да се јават на своите работни места и дека тоа им беше последната забава и песна?!

Кој можеше да претпостави дека на тие млади, таа саботна вечер ќе им биде последна и дека веќе не ќе дочекаат ниедно утро и дека на некои од таа ноќ ќе им останат лузни и по телата и во душите за цел живот? Ете, само за миг згаснаа толку млади животи и направија да тагуваат толку семејства, да тагува Македонија. И по ова што ни се случи во Кочани, ако во нешто можеме да се поучиме, тоа е, да работиме ваквите трагедии да не ни се повторуваат. Тоа значи, да ги промениме нашите навики на несовесно и нестручно работење и однесување, и кон себе си и кон другите! И, секако – желбата по заработувачка и богатење, да не нѐ водат нечесни и криминални намери и цели, не имајќи грижа за безбедноста, па дури ни за животите на другите.

Возљубен натажен народе, свесен сум дека при вакви тажни прилики, при разделба со саканите: родител, син или ќерка, брат или сестра, внук или внука, соученик и колега, сосед или пријател и особено при разделба со млади, какви што се покојните пред нас, тешко е да се говори, а уште потешко е да се најдат зборови за утеха.

Во овие мигови на неизмерна болка и жал, присутни во Кочани и во сите места, до кои пристигна веста за трагедијата од она рано неделно утро, нема збор којшто ќе биде доволен за да се ублажат чувствата кај сите коишто тагуваат по изгубените животи на овие млади македонски чеда. А како и не би тагувале? Нема човечко слово коешто може да се каже и кое ќе утеши, но за нас коишто веруваме, утехата ни е Словото Божјо и Неговото спасително дело. Утехата ни е во вистинитоста на Христовото Воскресение и во воскресението на секој кој верувал и живеел живот во Христа. За нас, како христијани, тоа е и разбирливо и сфатливо, зашто Христос воскресна и ја победи смртта!

Возљубен нажален народе, правилно е и оправдано е да тагуваме за ненадоместливата загуба којашто нѐ снајде, но тагувајќи да не бидеме како оние коишто немаат надеж. Светата Црква учи и поучува дека само верата го осветлува мракот на смртта и укажува на патот којшто води кон вечен живот. Оттаму, за нас христијаните, верата е прва и единствена утеха за тагата во ваквите тешки мигови при разделба со своите најблиски. Па, да се молиме за Бог да ни дарува сили за да ја поднесеме трагедијата којашто нѐ снајде. Утеха нека ни биде и тоа што страшната несреќа во Кочани предизвика сенародно жалење кај сиот наш народ, и овде во Татковината и ширум светот. Утеха нека ни бидат и молитвите од претстојатели и претставници на Цркви и на верски заедници, сочувствата од претседатели на држави и поединци од сите страни на светот, како и тоа што денови на жалост прогласија повеќе балкански и европски земји, коишто нашата несреќа ја доживуваат и како своја.

Исто така, тажните собири, речиси во сите градови низ Македонија, се порака дека нашиот народ, и ученици и студенти, и млади и возрасни, сочувствуваат со семејствата на починатите и повредените. Македонија и овој пат плаче за своите чеда и сиот наш народ ја споделува тагата со најблиските на настраданите, зашто загубата на овие млади животи е загуба за сите!

Да се помолиме и да се молиме Бог да ги прости и нивните души да ги насели меѓу праведниците, а вам, нивните родители и блиски, да ви дарува утеха, смирение и оправдана надеж! Амин!

Нека им е вечен споменот!



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат...

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

За нашата Црква до крајот на векот, постои еден, единствен предизвик и подвиг: да се зачува Преданието на исихазмот во Македонија, што е наш долг кон Свети Григориј Палама и...

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Но, оној што ќе го стави својот ум во процес на исцеление - преку послушание кон духовниот отец, и кој правилно чекори по патот на очистување на своето срце од...

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

     Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш...

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

« »

Православен календар

 

09/11/2025 - недела

+Св.мч.Нестор; св.Прокла Клаудија

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов вмч. Нестор  9 ноември/27 октомври  2025

Тропар на св. Христов вмч. Нестор 9 ноември/27 октомври 2025

Еј Господи Ти Кој нè створи, создаде,човекот кој падна повторно при себе го повика,и устрои за него вера која спасува.Ти...

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2025

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2025

Голем застапник во неволјитево тебе најде вселената,страдалниче, кој ги победи незнабошците.И како што си ја победил

Тропар на светите Христови маченици Маркијан и Мартириј  7 ноември/25 октомври / 2025

Тропар на светите Христови маченици Маркијан и Мартириј 7 ноември/25 октомври / 2025

Господи Боже наш, Ти Кој се вочовечи, телото наше го зеде но Бог по суштина остана,мачениците Твои Маркијан и Мартириј,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная