ДО МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ И НА ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО Г. Г. СТЕФАН ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ
Ваше Блаженство,
Во овој благословен и спасоносен ден, кога целиот христијански свет духовно се издигнува во славење на победата на Животот над смртта, дозволете ми од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од мое лично име, да упатам искрени и радосни честитки по повод најголемиот празник – Воскресение Христово-Велигден.
Нека воскреснатиот Бог ги исполни нашите срца со љубов, нашите души со спокој, нашите мисли со милост, а нашите денови со добри дела. Само така ќе можеме да воскликнуваме и со радост Христовото воскресение да гообјавуваме.
Христовото воскресение е нашата радост.
Да ја покажеме радоста споделувајќи ја со најблиските, со бездомниците, со болните... Само така радоста ќе биде полна!
Христовото воскресение е победа.
Да покажеме дека сме победници над самите себе и над непријателот. Да победиме со љубов, мудрост; истрајност и молитва, со прифаќање на предодреденото за нас, со измирување со себеси и светот.
Нека Христовото воскресение биде нашата светлина која во нас ќе свети и ќе не води низ темнината до следното воскресение.
Христос воскресе! Навистина воскресе!
Директор Оливера Трајковска