Прва седница на Меѓународниот комитет формиран за време на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог
Скопје, 16 октомври 2008 -
На првата седница на Меѓународниот комитет, кој беше формиран за време на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што се одржа минатата година во Охрид, се расправаше за активностите што треба да се преземат за навремено организирање на следната Конференција, Предлог- теми за Втората конференција, се утврдиа критериуми за составување на список на потенцијални учесници, и се определи датумот и местото на одржувањето, односно Охрид, во мај 2008 година.
Се одлучи континуирано да се орджуваат состаноци со Меѓународниот комитет се со цел да организираме уште поуспешна Конференција во 2010 година и поголемо присуство на претставници на сите религии на светот.
На седницата се расправаше и за Предлог- темите на Втората конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог меѓу кои се најновите економски и финансиски предизвици со кои се соочува светот и потребата од почитување на моралните и религиозните вредности, улогата на религијата и НВО во надминувањето на нетрпеливоста меѓу припадниците на различни религии, семејството и негувањето на традиционалните религиозни вредности, влијанието на религијата во градењето надворешна политика во ЕУ, САД и другите земји на Г-8, како и културно-историските различности и нивна промоција.
За нов претседавач на Меѓународниот комитет со консензус е избрана министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Друго:
- Министерката Канческа-Милевска го промовираше зборникот „Охридските пораки за мир и соживот“
- Промовиран зборникот „Охридските пораки за мир и соживот“
Посети:{moshits}