Излезе од печат книгата „Моќта на Името“ од Епископот Калист Вер

Ве известуваме дека, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а во издание на Скопската православна епархија, излезе од печат книгата „Моќта на Името“ од Епископот Калист Вер.
Оваа книга изобилува со размисли коишто ја откриваат внатрешната и надворешната страна на Исусовата молитва. Таа молитва, во православната духовност, е, всушност, непопречен пат којшто нѐ води кон тоа нашиот живот да стане едно со животот на Спасителот – Господ Исус Христос.
https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/mokjta-na-imeto-kalist-ver/


























