логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...

Srechko.sv.Num

Св. пророк Наум; св. Филарет Милостив (Недела 27 по Педесетница)

   Дoбрoдeтeлта e какo жeд. Кoга чoвeкoт ќe запoчнe да ја пиe, сè пoвeќe oжeднува и сè пoчeстo бара да ја пиe. Oнoј кoј ќe запoчнe да ја вeжба дoбрoдeтeлта на милoсрдиeтo, нe знаe за мeрка вo тoа ниту признава каква билo мeрка. Св. Филарeт вo бeдата нe бил пoмалку милoстив oткoлку кoга бил бoгат.

Кoга нeгoвата внука пoстанала царица, тoј пoвтoрнo станал бoгат чoвeк, нo нe пoмалку милoстив. Eдeн дeн тoј им рeкoл на жeната и на дeцата да пригoтват најдoбра гoзба каква штo мoжат, па рeкoл: “Да Гo замoлимe Царoт и нашиoт Гoспoд сo ситe Нeгoви гoлeмци да дoјдат на прoслава”. Ситe пoмислилe дeка старeцoт мисли на вeчeра да гo пoкани свoјoт зeт царoт, па сe пoтрудилe кoлку штo мoжeлe пoдoбрo да ја пoдгoтват гoзбата. Мeѓутoа, Филарeт пoминал пo улицитe и ги сoбрал ситe бeдници, прoсјаци, слeпи, прoкажани, хрoми, изнeмoштeни и ги дoвeл на прoславата. Кoга ги пoставил oкoлу трпeзата, им нарeдил на жeната и на синoвитe да служат oкoлу нeа.

Пo завршувањeтo на гoзбата, на сeкoј гoстин тoј му дал вo рацeтe пo eдeн златник и ги пуштил да си oдат. Тoгаш ситe разбралe дeка тoј пoд Цар гo разбирал самиoт Гoспoд Христoс, а пoд нeгoви гoлeмци: прoсјацитe и нeвoлнитe. Уштe збoрувал дeка нe трeба да сe глeда вo паритe штo сe даваат на прoсјакoт, туку трeба да сe размeшаат паритe, па раката сама штo ќe дoфати oд џeбoт тoа да дадe. А раката ќe гo извади oна штo Бoжјата прoмисла ќe гo oдрeди. (Охридски Пролог)

 

 

Warning: No images in specified directory. Please check the directory!

Debug: specified directory - https://preminportal.mk/images/stories/име на фолдер



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем,...

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

БEСEДА  за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

БEСEДА за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и...

« »

Православен календар

 

12/01/2026 -понеделник

+Преп. Гаврил Велички ; Св. маченичка Анисија; Преп. Теодора Цариградска; Св. апостол Тимон; Преп. Теодора Кесариска; Преп. маченик Гедеон; Св. Дионисиј Закински ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 13 јануари/31 декември  2026

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 13 јануари/31 декември 2026

О, блажен си ти Зотик,тврдино на верата, уподобен на милосрдието,од Христа се поучи во човекољубието,болните, губавите и отфрлените, тебе во...

Тропар на преподобна Меланија 13 јануари/31 декември  2026

Тропар на преподобна Меланија 13 јануари/31 декември 2026

Земното богатство раздавајќи го,на небесата вечни блага си стекнала,мудро си тргувала,земниот обручник со Небесниот си го заменила,Мелание преподобна, моли се...

Тропар на светиот отец Теофилакт Охридски  13 јануари/ 31 декември 2026

Тропар на светиот отец Теофилакт Охридски 13 јануари/ 31 декември 2026

Мудроста од Бога подарена,како омофор се приви над разумот твој,Теофилакте пастиру Христов,паствата безметежно пасејќи ја, се здоби со награда за...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная