Во храмот Свети Спас , во населбата Драчево во Скопје, на ден 27 октомври, на празникот посветен на преподобна мајкa Параскева и светите маченици Назариј, Гервасиј и Протасиј, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
На певницата, гостин беше протопсалт од Грчката православна црква, Панајотис Сомали кој служи во храмот на св. Константин и Елена во Перистери. Г-дин Сомали е гостин на отец Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир, и сакаше да го посети храмот каде црквуваат богословите. и заедно со нив богослужеше на денешната Литургијата во чест и слава на св. Петка.
{flv}Panajotis{/flv}
Посети: {moshits}