
Скопје, 25.10.2026-храм на св.вмч.Димитриј
на празникот на
св. Козма Мајумски; Св. мч-ци Пров, Тарах и Андроник; св. Мартин еп. Турски





Во скопскиот храм на свети великомаченик Димитриј, на празникот на св. Козма Мајумски; Св. мч-ци Пров, Тарах и Андроник; св. Мартин еп. Турски,
старешината на храмот, о. Жарко Ѓорѓиевски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови.Тајни

"Сo штo свeтитeлитe најмнoгу сe вoзвишилe и сe прoславилe вo oчитe на нeбoтo и на луѓeтo?
Главнo сo смирeниeтo и сo службата."






Кога Господ Исус Христос ја здогледал мајката како ја следи погребната поворка и тажи над својот починат син единец, како што опишува евангелистот, „се сожали над неа, па ѝ рече: Не плачи!“ Самата глетка навистина била жална - Христос не барал докази за вера, не барал одговори кој е и каков бил починатиот, какво Му е семејството -- но едноставно, безмерното човекољубие излегло на виделина. Тука не се работи за привид, некоја преносна смисла или значење, туку за вистински настан, кој се случил во одредено време на одредено место. Чудото се случило наеднаш, со силата на зборот Божји, кога вели: „Момче, тебе ти велам, стани!“


























