логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Ikonostas.Neive.jpg

Ikonostas.Neive.jpg

  

На денот на св.Архангел Михаил во Неиве, беше осветен новопоставениот иконостас во католичкиот храм Св. Архангел Михаил кој и е отстапен на користење на истоимената Македонска православна црковна општина.
 По овој повод Митрополитот европски г.Пимен покани висока црковна и државна делегација од Република Македонија, првата предводена од Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, а втората преставена преку претседателот на Комисијата за верски заедници и религиозни групи на Република Македонија м-р Звонко Муцунски.

 Ikonostas.Neive.jpg
 Црковната Општина подготви тридневна програма која започна на 21.11.08 со празнична вечерна богослужба отслужена од Митрополитот европски г. Пимен со повеќе свештенослужители, во присуство на Архиепископот г.г. Стефан и голем број верници. Следуваше свечена академија со почеток во 18:00ч, на која покрај нашата, присуствуваше и висока црковна и државна делегација на земјата домаќин. Се започна со краткиот документарен филм 50 години од возобновувањето на Охридската архиепископија, подготвен на италијански јазик. Веднаш потоа се обрати Неговата Екселенција Себастијано До, владика на Алба, кој во својот говор ја охрабри и поддржа мисионерската дејност на Македонската православна црква меѓу своите во Италија и им се заблагодари за тоа на Митрополитот Европски г. Пимен и парохискиот свештеник, отец Михајло Матевски. Следуваше говорот на Неговата Екселенција Љупчо Тозија, амбасадор на Република Македонија во Рим, кој не криејќи го задоволството од црковното организирање на Македонците во Пиемонте, Италија, забележа дека тоа оди во прилог и на нашите евроатлански текови. Професорот при Богословскиот факултет Св.Климент Охридски од Скопје м-р Петко Златески, одржа предавање на тема екуменизам.

Ikonostas.Neive.jpg

Ikonostas.Neive.jpg
<Ви оставам аманет: празнувајте вака при секоја прилика, во секоја недела и на секој празник. Практикувајте ја молитвата со присуство на свети богослужби. Негувајте ги христијанските традиции и обичаи од родниот крај, другарувајте меѓусебно и со сите околу вас. Така полесно ќе ви врват дните и помалку ќе ви недостасуваат блиските и пријателите од Македонија. Ова на крајот од својот говор Неговото Блаженство Архиепископот Стефан им го порача на Македонците во Италија, при тоа заблагодарувајќи им се на домаќините за гостопримството.


Ikonostas.Neive.jpg

Ikonostas.Neive.jpg

Ikonostas.Neive.jpg
Во сабота 22.11.08г., нашата делегација беше примена од Неговата Екселенција Монсињор Себастиано До, владика на Алба, каде беше потпишан договорот за користење на католичката црква Св.Архангел Михаил во Неиве, а потоа и од градоначалникот на Алба кој пак во разговорот подвлече дека македонското население најдобро се интегрирало во италијанското општество, а укажа на сериозното размислување за определување локација каде во иднина би можел да се изгради Македонски православен храм.

Ikonostas.Neive.jpg 
  Со почеток во 20:30ч. беше одржан целовечерен концерт на духовна - црковна музика во изведба на хорот Св.Климент Охридски од Скопје. Концертот го започна квартетот Пела од Република Словенија кој исполни неколку изворни старомакедонски песни.

Ikonostas.Neive.jpg
Во недела 23.11.08г. со почеток во 10:00ч беше извршен чинот на осветување на иконостасот, а потоа отслужена света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, во сослужение со Митрополитот Европски г.Пимен и голем број свештенослужители, пред стотици македонски верници.

Ikonostas.Neive.jpg

Ikonostas.Neive.jpg

Ikonostas.Neive.jpg

Ikonostas.Neive.jpg

Ikonostas.Neive.jpg

Ikonostas.Neive.jpg

Ikonostas.Neive.jpg

Ikonostas.Neive.jpg

Ikonostas.Neive.jpg


Ikonostas.Neive.jpg

Ikonostas.Neive.jpg

Ikonostas.Neive.jpg

                                                         презвитер Михајло Матевски
                                                          Неиве, Р. Италија

 

Посети: {moshits}

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

« »

Најнови вести

Православен календар

 

09/07/2026 - четврток

Петровденски пости; (на масло)

Преподобен Давид; Празник на Тихфинската икона; Празник на иконата Одигитрија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски  3 јули/ 20 јуни 2026

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски 3 јули/ 20 јуни 2026

    Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот, живеејќи по Дух,

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни  2026

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни 2026

Како Христов сродник познавајки те о Јудо,и како храбар маченик свештено те восфалуваме,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная