На 14 декември 2008 година, на празникот посветен на светиот пророк Науми свети Филарет Милостив, во храмот на свети Јован Крстител, во населбата Капиштец во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 66)
Рече Господ во прказна: „На некој богат човек нивата му беше родила многу; и мислеше во себе, велејќи: ,Што да направам? Немам во што да ги соберам плодовите свои.’ Па рече - вака ќе направам: ,ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра, и ќе ѝ речам на душата своја: душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се!’ Но Бог му рече: ,Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа, што си го приготвил, кому ќе му остане?’ Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога.“
Старец Софрониј
Кога сме собрани сите заедно, должни сме да бидеме како еден човек, според образот на Троичниот Бог, Кој е само Еден Бог! Ова не можеме да го постигнеме освен преку восприемањето на Светиот Дух во себе. Доколку имаме внатрешно безредие на нашите лоши помисли, напорите ќе ни бидат безуспешни. Како да се здобиеме со оваа благодат? Како да живееме, та Бог и Неговиот Свет Дух да се вселат во нас? Треба да бидеме послушни! Само, ако постојано внимаваме на нашиот брат, успеваме да создадеме во нас еден вид ‘радар’, за да го почувствуваме она што другите го мислат, нивната волја и духовната состојба. Наспроти тоа, без послушание, особено, ако прво го бараме нашиот спокој, ќе бидеме одделени од другите и ќе бидеме несложни.
Посети: {moshits}