Во петокот, 14 септември, во попладневните часови, Бигорскиот манастир беше посетен од Вице-премиерот Зоран Ставрески, Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кои беа спречени од објективни причини да дојдат на поклонение на манастирска слава и поставувањето на камен-темелникот на потпорниот ѕид, кој истовремено е и темел на новиот Источен конак (Палат). После целивањето на моштите, високите гости го разгледаа теренот и текот на градежните работи.
Истата вечер, во манастирот престојуваше и Митрополитот Тимотеј, кој дојде заедно со архимандритот Нектариј и секретарот на Епархијата о.Игор Никовски, со цел наредниот ден заедно со Архимандритот Партениј и јеромонахот Доситеј да ја осветат галичката црква посветена на света Петка.
Известува јеромонах Доситеј