Виндзор, Канада-
Во неделата, на 21 декември 2008 година, Македонската православна црковна заедница Свети Никола од Виндзор свечено го одбележа својот храмовен празник посветен на Свети Николај архиепископ Мирликиски Чудотворец. Беше отслужена Света Архирејска Литургија со која чиноначелствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско - Канадски господин Методиј во сослужение со Протојерејот-ставрофор д-р Александар Мустеников и ѓаконот Стефан Барјактаров. По светата литургијата беше осветен празничниот леб принесн од овогодишните кумови на црквата, фамилијата на Никола Бошев.
Митрополитот Методиј кој срдечно беше дочекан од голем број парохјани во своето обраќање до присутните го нагласи своето восхитување од пријатните изненадувања што оваа заедница му ги приредува при секоја Негова посета со постајно напредување и доградување. Со многу убави зборови тој ја изрази својата радост за присуството на поголемиот дел од членовите а поготово од видливото присуството на младите и децата.
Председателот Менде Талевски присутните ги информира за штотуку завршената доброволна акција, во која зема учество скоро целата Црковна Управа, за реновирање и опремување на ходниците.
Потоа беше приредена заедничка братска трепеза.
Информира: Г.С.
"ARTSOME STUDIO"
Посети: {moshits}