Денес, 08.01. 2009 година, по повод Божикните празници Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, во придружа на архиереите на МПЦ, Митрополит Полошко- кумановски г. Кирил, Митрополит Струмички г. Наум и епископ Хераклејски г. Климент, приреди традиционален празничен прием во салата при Архиепископскиот соборен храм Свети Климент Охридски во Скопје.
На приемот присуствуваа претседателот на Владата г-дин Никола Груевски со сопругата, претседателот на македонското Собрание г-дин Трајко Вељаноски, претставници на дипломатскиот кор, како и голем број на значајни јавни личности од културата, и бизнис елитата.
Посети: {moshits}